Дали ненадејниот напад на тага со кој се справувате можеби е на некој начин поврзан со тестенините во кои уживавте за време на вечерата? Според најновото истражување на оваа тема – тоа дефинитивно е така.

И покрај тоа што значењето на внесувањето необработувана храна која ги содржи сите неопходни хранливи материи е веќе општо познато, и во последните години многу се говори за тоа,сепак голем дел од луѓето во светот јадат процесирана и неквалитетна храна. За ова се виновни повеќе чинители (финансиите, емоционалниот копнеж, физиолошката зависност, итн…), но сепак се работи за лоша навика којашто треба да се искорени, бидејќи лошата исхрана во голема мера придонесува за развојот на голем број заболувања.

Според неодамнешно истражување спроеведено од Колумбискиот универитет и објавено во Американскиот журнал за клиничка исхрана, има воочлива и јасна врска помеѓу конзумирањето рафинирани јаглехидрати и шеќери и депресијата. Истражувачите тврдат дека „секое влијание коешто рафинираните јаглехидрати го имаат врз расположението може да се измери со нивниот сооднос во севкупната исхрана“.

carbdepression

Истражувачите дошле до овој заклучок со факторирање на гликемискиот индекс, кој се движи од 0 до 100 и го прикажува нивото на шеќер во крвта по јадењето. Високо рафинираните јаглехидрати се рангираат повисоко на ГИ скалата. Во извештајот детално се истакнува дека претераното ниво на глукоза во телото предизвикува хормонски одговор кој го намалува шеќерот во крвта. Ова значи дека истиот биолошки одговор може да предизвика и промени во расположението, чувство на замор, и други симптоми на депресија.

Со ова станува појасно зошто во развиените земји има повисока стапка на депресија. Посиромашните рурални региони се „присилени“ да се издржуваат со едноставна храна во поскромно количество, поради недостатокот на средства и храна; а сепак, кај нив се забележува повисоко ниво на среќакај населението. Намерата и изборот да се биде среќен секако дека игра своја уога во тоа, но и физиолошкиот избор, т.е. во случајов како изборот како ќе се храните, секако дека игра значајна улога во вашето психичко здравје.

За целите на истражувањето, научниците анализирале податоци собрани од 70.000 жени во мнопауза коишто чествувале во одделно истражување во периодот помеѓу 1994 и 1998 година. Тие откриле дека високиот ГИ индекс соодветствувал со за 22% зголемен ризик за појава на депресија. Жените кои притоа конзумирале поголемо количество на прости шеќери и рафинирани житни производи имале за 23% зголемен ризик за појава на депресија.

Од друга страна, кај оние кои се хранеле поздраво, се забележал намален ризик за депресија. Во оваа група спаѓаат жените коишто јаделе повеќе интегрални житарки, зеленчук и растителни влакна. Со оваа едноставна промена и изборот да го исклучат преработениот шеќер и белото брашно од својата исхрана, тие доживеале зголемено ниво на среќа.

Без сомнеж, постојат разлики помеѓу жените во менопауза и тинејџерите, на пример, но ова не е прво истражување кое предупредува за разорните ефекти на рафинираните јаглехидрати врз човековото здравје. Со слични резултати било и истражувањето спроведено во 2012 година од страна на истражуваки тим при Харвардската школа за јавно здравје.

Доколку изберете да јадете повеќе храна од растително потекло, како овошје, зеленчук, јаткасти производи, семки, и вклучите здрави извори на здрави масти со омега 3 киселини, како маслиново масло, кокосово масло, авокадо, лосос и сл. без никаков сомнеж ќе доживеете подобрување во расположението, но уште поважно, ќе ја намалите веројатноста за развивање на депресија во позрели години.

Сподели на Facebook
пати видено