Во најголемото истражување од овој вид, истражувачите ги прогласија диеталните сокови како виновници кои придонесуваат за голем број здравствени проблеми. Не е ништо ново кога ќе се каже дека аспартамот е вештачки засладувач кој секој треба да го избегнува. Во минатото било докажано дека придонесува за заболување од разни болести како дијабетес, невролошки проблеми, прекумерна тежина, умствени проблеми и др.
Но, во студија објавена во 2014 година, резултат на истражување коешто траело преку 10 години и во кое биле вклучени преку 60.000 жени, било утврдено дека жените коишто пијат два или повеќе диетални пијалоци дневно имаат поголема стапка на кардиваскуларни заболувања и имаат поголеми изгледи да умрат од таа болест.
Тајм Магазин забележува огромно опаѓање на побарувачката за диетални газирани сокови, како последица на порастот на свесност за штетноста на истите, као и порастот на бројот на луѓе со прекумерна тежина во САД. Според Ројтерс, индустриските експерти велат дека индустријата за пијалоци трпи огромни загуби поради загриженоста во врска со вештачките засладувачи. Се чини дека потрошувачите стануваат сѐ повеќе свесни дека нивните проблеми со тежината потекнуваат повеќе од начинот на исхрана и животиот стил, па така се решаваат да прават посвесни избори, наместо да се фатат за т.н. диетални сокови.
Постојат мноштво природни и здрави засладувачи на коишто можете да се насладувате од време на време, како кокосов нектар, мед, сушени овошја и др.
Но пред сѐ, клучот е во внесување што е можно повеќе свежа и непроцесирана храна и здрав животен стил со многу телесна активност.