Кога истражувачите ја тестирале оваа нова неинванзивна терапија,која не вклучува никакви лекарства, врз стаорци, 75 отсто од стаорците во целост го повратиле помнењето.
Кога на некого ќе му биде дијагностицирано Алцхајмерова болест, тоа не значи само фрустрираност поради заборавањето на имиња, туку значи да се живее со болест којашто драматично го зголемува ризикот за смрт. Но, благодарение на Мозочниот институт на Квинсленд при Универзитетот на Квинсленд, Австралија, наскоро може да се појави ветувачко решение. Откако тестовите покажале целосно враќање на способноста за помнење кај 75 отсто од лабораториските глувци, тимот вложи силна надеж во помислата дека оваа болест можеби наскоро ќе може да се лекува на конвенционален начин.
Истражувачите создале неинванзивна ултразвучна технологија којашто ги прочистува нервните амилоидни плаки, структури кои се одговорни за загубата на меморија и опаѓањето на когнитивната функција. Амилоидните плаки се позивионираат помеѓу невроните и завршуваат како густи гроздови од бета-амилоидни структури, леплив вид на протеин. , плредизвикувајќи деформирање на микротубулите, структурни компоненти на клетката, со што се нарушува пренесвањето на хранливите материи на ист начин како кога ќе го свиткате цревото на правосмукалка.
Тимот техниката која ја предлага ја опишува како употреба на особен вид на ултразвук, наречен фокусиран терапевтски ултразвук, кој неинванзивно испраќа звучни бранови во мозочното ткиво. Со осцилирањето со неверојатно висока брзина, овие звучни бранови нежно ја отвораат крвно-мозочната бариера, слој кој го заштитува мозокот од бактерии, а во исто време поттикнувајќи го активирањето на микроглијалните клетки, коишто во основа се клетки кои го исфрлаат отпадните материи и ги чистат токсичните бета-амилоидни згрутчувања, одговорни за најлошите симптоми на Алцхајмеровата болест.
Најинтересно е тоа што за време на експериментите со глувците, и покрај тоа што им било повратено 70 отсто од помнењето, кај нив не било забележано никакво мозочно оштетување како страничен ефект. Тимот планира своите тестирања да ги продолжи на поголеми животни како овци, за до 2017 година да бидат направени и првите експерименти врз луѓе.