Порно. Тоа е слонот во собата. Во денешниот свет на отворена сексуалност, речиси е невозможно да се избегне баражот од еротска пропаганда која се прикажува преку најразличните медиумски содржини. Било да се работи за софт-кор разголеноста на славните на филм и телевизија, или хард-кор порнографијата на илјадниците порно сајтови, лесно е да се заклучи дека свесно или несвесно, сите ние сме подложени на некој вид на порнографија.

Се чини дека порното стана „мејнстрим“ во текот на последните десеттина години, пробивајќи си го својот пат од малите видеотеки за денес да стигне во сите медиуми. За него има најразлични мислења, од тоа дека е „ослободување на сексуалното изразување“, до тоа дека претставува „сквернавење на светата моногамна практика“. Нашироко се дебатира за моралната и етичката страна на порното, но едно е сосема сигурно, сеприсутноста на сексуалноста и порнографијата дефинитивно отиде предалеку.

The Problem With Porn Something We Should All Consider The Problem With Porn Something We Should All Consider (1)

Историјата

The Problem With Porn Something We Should All Consider (2)

Ликовни претстави од сексуална природа датираат уште од пред илјадници години. Фигурините на Венера и разни други видови на карпеста уметност сведочат дека тоа постоело уште во предисториските времиња. Но, концептот за порнографија каква што ја знаеме денес не постоел сѐ до Викторијанската ера. На пример, импресионистичката слика на францускиот сликар Едуар МАне наречена „Олимпија“ прикажува гола куртизана, т.е. буквално кажано, слика на проститутка, предизвикала доста контроверзи во своето време. Во деветнаесеттиот век со закон било забрането објавувањето и распространувањето на определен вид литература и слики коишто во тоа време се сметале за порнографски, и се затворале и уништувале објектите во кои се произведувале и распространувале.

Пресвртот се случил кон крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век, со појавувањето на филмот во 1895 година. Во 1896 година се појавил филмот Le Coucher de la Mariée (Починок за невестата) во кој Луиза Вили изведувала стриптиз. Овој филм ја инспирирал појавата на француски филмови во кои се прикажувале жени како се соблекуваат, бидејќи и другите режисери ја увиделе можноста за голема заработка. Во 1970 година се проценило дека тоталната заработувачка во САД од порнографијата изнесувала околу 10 милиони долари. До 2001 година, цифрата пораснала до шокантни 3.9 милијарди долари. Таа промена би требало да биде алармен сигнал за секој кој разбира дека секоја голема индустрија има големо влијание врз човечката етика и општата добросостојба на човекот.

Дали порното го уништува сексот

The Problem With Porn Something We Should All Consider (3)

Брет и Кејт Меккеј во статија наречена „Проблемот со порното“ го пишуваат следното: „Порнографијата е таков поларизирачки проблем, што е многу лесно луѓето да заземат сосема спротивни ставови. Честопати религиозните луѓе, иако искрени во нивните верувања, го осудуваат порното како вллкано зло кое луѓето ги претвора во сескуални перверзнизи…Другата крајност на порното гледа како на здрав израз на сексуалноста. Порнографијата штедро се охрабрува со цел луѓето да откријат што е тоа што сексуално ги задоволува, без разлика на експлицитноста и насилноста на материјалот. Луѓето со такви убедувања веруваат дека сѐ додека возрасни луѓе своеволно се вклучени во тоа и сѐ додека не се повредува некој друг, тогаш сѐ е дозволено. Но, овој приод пропушта да ги согледа штетните ефекти коишто порното може да ги има врз поединците и целото општество.“ Гледањето порно без никаков сомнеж може да прерасне во компулсивна практика, исто како што луѓето можат да почнат прекумерно да јадат не бидејќи чувствуваат глад, туку поради компулсивно-опсесивни причини. Штом еднаш ќе се создадат врски во мозокот помеѓу определени дејства и чувството на задоволство, тие врски многу тешко се разбиваат, и не е претерување ако се каже дека порното може да ви го уништи животот. Лажните стандарди и идеали воспоставени преку порното влијаат врз мажите и жените многу повеќе отколку што би можеле да си замислите, претворајќи ги во ништо повеќе од објекти, парчиња месо, без никаква духовна, интелектуална и емоционална вредност. Друг дел од проблемот е фактот дека луѓето кои се занимаваат со порно се глорифицираат и гламуризираат од страна на гледачите, но помислете си, како би се чувствувале ако вашиот брат, сестра или мајка и татко учествуваат во такви активности?

The Problem With Porn Something We Should All Consider (4)

Згора на сѐ, прекумерното гледање на порнографски содржини може до таа мера да ве оттргне од реалниот свет, што повеќе нормалното нема да ве возбудува и полека но сигурно ќе почнете да се привикнувате на т.н. сајбер секс. Има многу случаи во кои поединци постепено и полека потонале во тешки перверзии како детска порнографија, содомија, дури и некрофилија, а нивниот пат секогаш почнува со малку љубопитност за она што се смета за табу. Кога нивниот мозок ќе восприеме дека тоа повеќе не е табу, одат на малку позабранети содржини и сѐ така, додека да стигнат до момент кога некој ќе ги шокира покажувајќи им во што се претвориле.

Сподели на Facebook
пати видено