Времето е моќна енигма. Може да биде причина за некои од вашите најдобри денови, но може и да ви ја уништи планирата активост. Ако планирате да одите на плажа, би сакале да знаете дали може да заврне додека сте таму…Но, што ако немате компјутер, смартфон или телевизор за да ја видите временската прогноза?
Еве некои начини на коишто би можеле да го предвидите времето без да се потпирате на современата технологија. Сѐ што ви треба е само добар, старовремски здрав разум и љубопитен ум.
1. Штурци
Избројте колку пати штурецот ќе зацврчи во текот на 25 секудни, поделете го тоа со бројот 3 и потоа на добиениот износ додајте 4. Тоа е просечната температура во вашето место.
2. Мирис
Верувале или не, нашиот нос може да го насети степенот на влажност во воздухот. Тоа го прави со помош на мирисот на растенијата и тревата за време на промените на влажноста.
3. Шишарки
Шишарките се затвораат кога се зголемува влажноста за да ги заштитат семињата од невремето кое претстои.
4. Птици
Кога птиците летаат високо во воздухот, времето ќе биде добро. Ако летаат поблизу до земјата, најверојатно ќе врне.
5. Чад
Ако чадот оди право нагоре, времето ќе биде јасно. Ако се врти во близина на земјата, доаѓа дожд.
6. Жаби
Ако забележите дека жабите околу вас крекаат погласно од вообичаено, побарајте си чадор.
7. Гасеници
Колку што е поширок средниот дел на телото на гасеницата, толку поблага ќе биде зимата.
8. Гуски
Бојата на градите на гуската може да ви каже каква зима да очекувате. Ако пердувите се потемни, тоа значи дека претстои студена зима.
9. Пчели
Кога надоаѓа невреме, пчелите се засолнуваат. И тие не сакаат да ги наврне дожд.
10. Коса
Ако имате кадрава коса и забележите дека кадриците ви се собрани, тоа зачи дека влажноста во воздухот е висока, со што се создадени услови за дожд.
11. Црвено небо
Ако небото е црвено навечер, тоа значи дека утредента времето ќе биде добро, а ако е црвено наутро, тоа значи дека претстои дожд.
12. ОБлаци
Белите пердувести облаци значат дека времето ќе биде добро, додека темните облаци носат дожд. Но, ова веќе го знаевте, нели?
13. Стока
Кога надоаѓа невреме, стоката се собира на куп. Исто така, ќе легнат за да се заштитат од невремето и да останат суви.
14. Хало ефект
Кога околу месечината или сонцето ќе се формира прстен (хало ефект), тоа значи дека наближува дожд.