Замислете да живеете во истото мало село повеќе од 37 години уживате во вашите пензионерски денови, кога одеднаш владата се заканува дека ќе го уништи вашиот дом. Ако не преземете нешто, може да изгубите сѐ што ви е важно. Што правите? Како ја спречите владата да го уништи сето она што го сакате?

Па, еден дедо најде генијален начин да го реши овој проблем, а сега луѓето од целиот свет сакаат да го посетат него и неговиот извонреден дом.

Во минатото Нантун Дистрикт, Таичунг било прекрасно село со над 1.200 домови, повеќето од жителите во селото биле поранешни војници, на кои им било дадено привремено домување од страна на владата.

Со текот на времето, повеќето војници се отселиле и разни фирми почнале да ја купуваат земјата. Но, неколку луѓе одлучиле да не ги напуштаат своите домови и да останат во селото.

За жал, бројот на селани драстично се променил и само 11 куќи останале во селото.

На Хуанг Јунг-Фу му станало досадно па почнал да слика птица на ѕидот внатре во неговиот дом. Кога завршил со внатрешниот дел продолжил тоа да го прави и со надворешните ѕидови на домот. Тој цртал разни фигури и суштества.

Работата на Хуанг брзо добила многу внимание, а неговото село станала една од најпосетуваните туристички атракции во Таичунг.

Не само што беше убава глетка за туристите, туку стана и главната причина поради која владата ги прекина нивните планови за уривање на останатите куќи во селото.

Иако одржувањето на насликаното село бара многу енергија и напорна работа, Хуанг вели дека ќе слика дури и кога ќе има 100 години.

Селото ги потсетува луѓето повеќе на бајка отколку на вистински град, а Хуанг е извор на енергија зад сцената.

Тој се буди уште во 3 часот наутро за да почне да слика. Туристите толку многу го сакаат Хуанг, што го нарекоа „Виножито дедо“, што е соодветно име за човек со таква шарена и креативна личност.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено