Првите познати загатки се појавиле во Вавилон! И денес, тие сѐ уште се одлична можност да го поминете времето со пријателите и да ги тестирате вашите способности. Загатките не се само интересни, туку исто така се корисни за луѓе од сите возрасти. Тие можат да помогнат на многу полиња, како што е подобрување на речникот кај децата и да им помогнат на старите лица да избегнат деменција.

Решенијата се на втора страна.

1. Која врата е безбедна?

Едно утро малата Марија се разбудила во замок во Костарика. Имало 4 врати но само една водела до слобода. Зад вратите ги имало следните работи:

1. Лава која веднаш ќе ја стопи

2. Кловн-убиец кој ќе ја претепа секоја личност до смрт

3. Смртоносен мраз што ќе ја замрзне одеднаш

4. Полицајци кои ќе пукаат во било кој возрасен, маж или жена, неселективно

Која врата треба да ја избере?

2. Ајфеловата кула

Франсоа ја мразел Ајфеловата кула. Затоа секој ден ручал на место од каде што нема да може да ја види. Кое е тоа место?

3. Убиство во сауна

4 пријатели секогаш оделе во сауна заедно. Секогаш носеле нешто со нив. Џек, музичар, носел iPod со него за да слуша музика. Стив, банкар, носел термос за да пие од него. Патрик и Мајкл биле адвокати и носеле документи за читање.

Еден ден Патрик бил пронајден мртов. Бил убиен од остар предмет. Полицајците дошле и спровеле истрага, но не пронашле ништо.

Како се случило убиството?

4. Лута сопруга

Пит ѝ се јавил на својата сопруга и ѝ кажал дека ќе биде дома до 8. Тој дошол во 8:05 часот. Тие немале посебни планови, но сепак, сопругата била многу лута поради доцнењето.

Зошто била толку лута?

5. Мува во кафето

Брендон седел во кафулето и нашол мува во кафето. Тој побарал од келнерката да му донесе уште едно кафе. Откако добил нова чаша и зел голтка, се налутил. Брендон сфатил дека тоа е истата чаша кафе.

Како знаел дека ја има истата чаша кафе?

6. Скршена статуетка

Јован бил сам дома и слушнал дека нешто се случило во собата на неговата сопруга. Влегол и видел дека нејзината омилена статуетка е скршена. Во тој момент некој истрчал надвор од собата.

Јован тргнал да го брка крадецот, но од на улицата стаклата на очилата му се замаглиле од студеното време и крадецот избегал. Тој ја раскажал приказната на полицаец. Полицаецот побарал од него да престане да лаже и да признае дека е тој ја скршил статуетката.

Дали приказната на Џон е всушност лажна?

7. Г. Џејмс е мртов.

Г-дин Џејмс бил пронајден мртов во неговата соба. Собата немала прозорец и вратата била заклучена. Единствените 4 луѓе кои имале клуч за соба биле испрашувани.

Софија слугинката: „Дојдов да го разбудам г-дин Џејмс; кога го видов мртов, викав!“

Петар батлерот: „Кога го слушнав крикот, влегов во собата, го вклучив светлото и го видов г-дин Џејмс со нож во неговиот врат.“

Сара дадилката: „Јас пристигнав заедно со Петар, кога го вклучи светлото имаше крв а сите страни.“

Џек готвачот: „Јас подготвував појадок и не видов ништо.“

Кој го сторил тоа?

8. Познат странец

Стен се сретнал со непозната личност со која порано никогаш не ја видел. Стен само слушнал за него, но ниту еднаш не му бил даден опис на неговиот надворешен изглед. Не станува збор за позната личност. Сепак Стен веднаш го препознал кога го видел.

Како е тоа можно?

9. Затворено возило

Еден човек бил застрелан во автомобил. На неговата облека немало траги од барут. Тоа значело дека убиецот не бил во автомобилот кога го стрелал. Немало куршуми во автомобилот. Покрај тоа, сите врати и прозорци биле затворени.

Како можел да го убие?

Сподели на Facebook
пати видено