Во историјата на човештвото се случуваат такви настани кои, со нивната комична природа или апсурд, наликуваат на заплетот во филм или дури и детски цртан филм. На пример, во XV-XIX век, Европејците купиле во големи количества мумии за да направат лекови од нив.

И пред 150 години, инженерите го кренале целиот град Чикаго за неколку метри. Во буквална смисла на зборот, заедно со куќи и тротоари.

1. Бабун официјално работел на железничката пруга

Во 1880-тите, во Јужна Африка заедно со Џејмс работел и неговиот помошник Џек. Нозете на Џејмс биле ампутирани па така бабунот земал плата од 20 центи на ден и за 9 години работен стаж не направил нитуа една грешка во пренасочувањето на пругите.

2. Во Египет, лесно можело да се купи мумија.

Научник и лекар Авицена во XI век го опишал третманот на некои повреди со помош на техниката за мумифицирање. Кога ги преведувале неговите научни трудови, била направена смешна грешка, поради што се покажало дека мумиите имале лековити својства. И до 15 век, во Египет беше формиран пазар со балсамирани трупови кои Европејците ги купувале.

3. Најдолгиот концерт во светот

Во 2001 година, во германскиот град Халберштат во црквата Св. Буркхард, започна со изведбата на органската верзија на музиката на Џон Кејџ „As Slow as Possible“ (Колку што е можно поспоро). Оригиналот, трае 20 минути, но следбениците на композиторот одлучиле да го продолжат делото за 639 години. Аккордовите се менуваат на секои неколку години, а завршувањето на изведбата, според планот, ќе се случи во 2640 година.

4. Јапонски војник 30 години мислел дека Втората светска војна сѐ уште трае

Во 1945 година, јапонскиот поручник Хиро Онода, кој се борел во џунглата на островот Филипини, добил леток во рацете на кој пишувал дека е крајот на Втората светска војна. Онода ги сфатил овие информации за непријателската пропаганда и, заедно со своите тројца потчинети, продолжи со борбата против САД. Двајца од војниците се вратиле дома, третиот бил убиен, а Хиро останал во џунглата 30 години. Во февруари 1974 година бил пронајден. Успеал да избега од смртната казна за грабеж и убиство на филипинската војска, а подоцна се вратил во својата татковина.

5. Пингвин се вљубил во аниме фигура

Во 2007 година, јапонската зоолошка градина го купила 11-годишниот пингвин Гроуп-кун и неговата придружничка Мидори. Тие живееле заедно повеќе од 10 години, сè додека женката не го напуштила за помлад пингвин. Поради тоа, Гроуп-кун се затворил во себе.

Но, во април 2017 година, тој се заљубил во аниме фигурата по име Хулулу, која била поставена за посетителите. Тој зјапал во неа со часови и се обидувал да дојде до фигурата. За жал во октомври истата година здравјето на 20-годишниот пингвин се влошило и тој починал.

6. Градот Чикаго го кренале за неколку метри

Чикаго се наоѓа во мочуришна област и за време на обилни дождови улиците се поплавувале. Во 1856 година, локалните власти сакале да стават крај на ова и одлучиле да го подигнат целиот град за неколку метри и да постават нов канализациски систем на местото на постојните улици.

Во текот на 1860-тите, со помош на штрафови, инженерите подигнале и поставиле нови темели не само на големи камени згради, туку и на цели соседства, па дури и на некои тротоари. Смешно е што за време на целата работа секојдневниот живот не запрел ниту на улиците, ниту во внатрешноста на зградите.

7. Еден човек плаши минувачи речиси 40 години

Во Сан Франциско живее човек по име Дејвид Џонсон, познат како Бушман (од англиски- “грмушка”). Во 1980 година, тој одлучил да започне да живее на исклучителен начин. На еден од тротоарите, тој се крие зад гранките на еукалиптусот и ги плаши минувачите, скокајќи од заседа и извикувајќи нешто како „Уга-буга!“ Со ужасен глас. Така, Бушман ги забавува луѓето речиси 40 години, а заработува околу 60.000 долари годишно.

8. Мачката Дасти станала клептоман

Во 2011 година, 5-годишната домашна мачка од Калифорнија, наречена Дасти, се здоби со популарност поради својата клептоманија. Тој го добил прекарот Клепто Кити откако донел дома повеќе од 600 предмети пронајдени во соседствотот.

9. Девојка рекла дека раѓа зајаци и лекарите ѝ поверувале

Во 1726 година, 25-годишната англичанка Мери Тофт успеала да ги убеди лекарите дека родила зајаци. Всушност, Тофт била бремена, но имала спонтан абортус. Откако изјавила дека родила зајаци го заинтеренсирала хирургот Џон Хауард, кој почнал да го истражува овој случај. При наредното породување Џон велел дека не пронашол бебе туку делови од животински организми кои, наводно, припаѓале на зајаци. Тој им го раскажал ова на голем број познати лекари и откако кралот дознал за тоа ги испратил најдобрите лекари да го истражат случајот.

Сподели на Facebook
пати видено