Сите знаеме дека стресот долгорочно може силно да се одрази на телесното здравје. Но, стресот може да биде директен причинител и на телесна болка. Еве 9 видови болка со кои емоционалниот стрес е директно поврзан.

bl

1. Болка во главата

Стресот кој се насобрал во текот на денот може да предизвика главоболка. Дајте си малку време да се опуштите и да се ослободите од стресот.

2. Болка во вратот

Ако чувствувате болка во вратот, можеби имате проблем да им простите на другите или себеси.

3. Болка во рамењата

Болка во рамењата можеби посочуваат дека носите тежок емоционален товар. Пробајте да го решите овој проблем ослободувајќи се од непотребниот товар и споделувајќи го со луѓе кои се дел од вашиот живот.

4. Болка во горниот дел на грбот

Болката во горниот дел на грбот можеби значи дека немате доволно емоционална поддршка. Можеби се чувствувате несакани и непожелни. Ако подолго време сте без љубовен партнер, можеби е време да излезете на состанок или два.

5. Болка во долниот дел на грбот

Ова би можело да значи дека се грижите за пари. Можеби е време да побарате зголемување на платата или да почнете подобро да ги ппланирате вашите финансии.

6. Болка во лактите

Болката во лактите зборува за вашиот отпор кон промените во вашиот живот. Ако имате вкочанети раце, можеби си имате и вкочанет живот. Правете компромиси и размрдајте ги нештата малку.

7. Болки во дланките

Болките во дланките можеби значат дека не посегнувате доволно кон другите толку колку што би сакале. Склучувајте нови пријателства, излезете на ручек со вашиот колега и воспоставувајте нови врски со луѓето околу вас.

8. Болки во колковите

Болката во колковите значи страв од движење и дека се плашите да се придвижите буквално и фигуративно, поради страв од промени. Можеби сте превнимателни кога донесувате одлуки.

9. Болки во колената

Болката во колената може да значи дека вашето его е малку преголемо. Приземјете се малку. Почнете да волонтирате. Запомнете, и вие сте смртник.

Сподели на Facebook
пати видено