Некои го нарекуваат пролетен фестивал – оној што го симболизира движењето на лунарниот-сончев календар, а за други тоа е т.н. Кинеска Нова Година. Во текот на овој 15-дневен период, почнувајќи од 16.02, Кина ја поздравува новата година (2018 година е година на кучето според кинескиот календар). Ви претставуваме уште 9 факти поврзани со Кинеската Нова Година.

Првично празникот имал за цел да „исплаши“ чудовиште.

Според легендите, многу од обележјата на кинеската Нова Година произлегуваат од стравот на луѓето од Нијан, сурово чудовиште кое чека да дојде на првиот ден од новата година за да го тероризира народот. Затоа луѓето почнуваат да користат гласни звуци од тапани, огномет и насекаде ја користат црвената боја за да го исплашат чудовиштето. Сите овие особености на празникот се сочувани до ден-денес.

Многу семејства го користеле празникот како повод за прочистување на своите домови.

Празникот се сметал за можност за домаќинствата да ги исчистат своите домови, главно од „huiqui” или „духови“ на сите што биле во нивниот дом. Семејствата извршувале чистечки ритуали во чест на божествата за кои веруваа дека подоцна ќе им вратат со добро. Ова е зачувано до сега, но денес луѓето веруваат дека чистење мора да се направи пред празник да започне официјално.

Патувањата се зголемуваат во текот на овој период.

Бидејќи Кинеската Нова Година се фокусира на односите со семејството, милиони луѓе го користат овој период за да стигнат дома. Во текот на 15-дневниот период се случуваат речиси 3 милиони патувања.

Постојат голем број суеверија околу празникот.

Се разбира, не сите луѓе веруваат во овие суеверија, но повеќето од нив мислат, на пример, дека посета на болница или земање лекови во овој период значи дека нивното здравје ќе се влоши во новата година. Давањето или земањето на пари како заем значи дека ќе имате многу долгови во новата година, а расплаканите деца се лоша среќа.

Некои луѓе ангажираат мажи или жени да ја играат улогата на нивните партнери за да ги уверат своите родители.

Во Кина, многу луѓе кои се во 30-тите години, а сѐ уште не се ожениле/омажиле родителите ги гледаат со разочарување. Кога младите луѓе доаѓаат дома да ги посетуваат своите родители, некои од нив ангажираат лице да глуми како партнер во нивниот живот, со што се обидува да избегне прекор од родителите. Цената за изнајмување е во просек еднаква на 145 долари дневно.

Насекаде има црвени коверти.

Една од традициите за време на Кинеската Нова Година е давање на црвени коверти со пари. Црвената боја ја симболизира енергијата и богатството. Се очекува да има нови банкноти во пликот, бидејќи старите се симбол на мрзеливост и безделничење. Многу често, кога излегуваат, луѓето со себе носат црвени коверти со пари – ако се сретнат со пријател на кого сакаат да му дадат подарок. Ако некој ви понуди црвен плик, најдобро е да го земете со двете раце и да го отворите кога сте сами.

За време на празникот, воздухот во Кина достигнува рекордни нивоа на загадување.

Огнометот е заштитен знак на новогодишната ноќ, но тој понекогаш доведуваат до еколошки проблеми. Понекогаш во градовите како Пекинг, загадувањето на воздухот се зголемува до 15 пати. Во 2016 година во Шангај беше забранет огномет за време на празникот.

Црната облека се смета за лош знак.

Како и белата. Во Кина, белата и црната облека обично се поврзуваат со тага и треба да се избегнуваат за време на лунарниот месец. Шарени алишта, а особено црвени, ја симболизираат среќата.

Црешите се најпосакувано овошја за време на Кинеската Нова Година.

Поради оваа причина, нивните добавувачи морале да одат во крајности за да ја задоволат побарувачката на цреша. Во 2017 година, авионот на Сингапур Ерлајнс испорачал 300 тони цреши.

Сподели на Facebook
пати видено