Можеме да се обложиме дека барем еднаш додека сте гледале некој филм сте помислиле: „Би сакал да имав вакво нешто“. Па, верувале или не, некои од тие работи веќ постојат и откако ќе дознаете нешто повеќе за нив ќе сфатите дека футуристичката ера е многу поблиску до нас отколку што очекувавме.

Ние ги пронајдовме овие уреди и технологии кои се толку неверојатни, што едноставно моравме да ги споделиме со вас.

1. Нема дисторзија со оваа нова маска на нуркање

Експертите го нарекуваат овој уред „најголема иновација во рекреативното нуркање во последниве децении“. Оваа маска има облик на купола и му овозможува на носителот да добие целосен поглед и да види сè околу себе без никакво изобличување, за разлика од другите маски со рамни екрани. Исто така доколку протече, водата не влегува во вашиот нос или уста.

2. Фејсбук следбеници може да ви помогнат да изберете што да носите.

C&A Brazil на закачалките на кои се поставени одредени парчиња облека има екран кој е поврзан со Фејсбук страната и кој прикажува колку лајкови добило тоа парче облека. Доколку имате проблем да се одлучите или ви е важно што им се допаѓа на луѓето ова е интересен начин за избор.

3. Чувствувајте се како 007 со оваа перископ камера на iPhone

Ако сакате да бидете шпион ова е уредот кој мора да го имате. Тој во основа функционира како перископ, што значи дека не треба да го насочите вашиот паметен телефон директно кон целта, овој уред може да фотографира под било кој агол.

4. Никогаш не губете мрежа

Овој gadgeгаџет се нарекува goTenna мрежа и ви овозможува да испраќате пораки без интернет. Тоа се спарува со вашиот паметен телефон и генерира сопствен сигнал што е доволен за испраќање пораки до други корисници на goTenna мрежа и добивање на нивната локација. Ова може да биде особено погодно за патниците кои одат на места каде што интернетот не е опција, за луѓе кои живеат на фарми без мобилна мрежа или автостопери.

5. Креирајте го вашиот изглед

Способноста да се смени изгледот изглед е неопходен атрибут на многу научни филмови, но некои луѓе овие денови веќе го остварија ова во реалност. Овој човек потрошил илјадници долари и поминал низ бројни операции, вклучувајќи отстранување на ребро, за една и единствена причина – да изгледа како човечка Кен кукла.

6. Вашето куче може да разговара со вас со овој уред.

Нема повеќе непознато „Ав! Ав!“, со овој уред ќе знаете точно што вашите кучиња се обидуваат да ви кажат. Можеби тие се гладни или сакаат да одат на прошетка. Или едноставно се чувствуваат осамени. Преведувачот ги анализира нивните звуци и препознава која една од 6-те емоции вашето куче најверојатно ја чувствува во моментот – среќа, тага, агресија, фрустрација, внимателност или разгаленост.

7. Месо одгледувано во епрувети

Можеби е тешко да се поверува, но хамбургерот создаден во лабораторија веќе не е мит. Научниците најдоа начин да растат говедско месо, свинско месо, живина и морски плодови од примерок од мускулно ткиво во лабораторија, одржувајќи ги сите потребни хранливи материи.

8. Генетски модифицирани луѓе

Минатиот месец се родија близнаци со изменети гени. Џианкуи, научник од Кина, работи на промена на ДНК на одредени начини и создавање на гени кои се отпорни на многу сериозни болести, како што е ХИВ. Многу експерти во голема мера ја критикуваа етичката страна на ова истражување, но научникот рече: „Во овој случај, јас се гордеам. Јас се чувствувам горд.“ Искрено кажано, ги имаме првите генетски модифицирани бебиња.

9. Летање или возење, сѐ во едно возило

Летачките автомобили се веројатно првото нешто што ви доаѓа на ум кога размислувате за тоа што ќе биде достапно во иднина. Па, во овој случај, не мора повеќе да чекате. Првиот летечки автомобил беше окреиран минатата година, а потребно е помалку од една минута за да се трансформира од режим на возење во режим на летање. Не му е потребна писта и не треба да поминете комплициран испит за да добиете пилотска лиценца, бидејќи тоа е контролирано од компјутер. Вие само треба да ја поставите дестинацијата и ќе ве однесе таму.

Сподели на Facebook
пати видено