Нарцисоидни тенденции, антисоцијално однесување, измачувањето животни како деца, сите тие однесувања и особини се очекувано присутни кај сериските убијци, но многумина од нив споделуваат и некои помалку познати карактеристики. Еве некои од нив;

1. Повеќе од 60 отсто од сериските убијци мократ во кревет и по нивната дванаесетта година и криминолозите го сметат ова како голем предупредувачки знак дека децата би можеле да израснат во сериски убијци.

su01

2. Убијците вообичаено се без никаква социјална структура во нивниот живот и вообичаено не можат да имаат нормални сексуални односи, претпочитајќи автоеротски активности. Таков е случајот со советскиот сериски убиец Андреј Чикатило, кој до таа мера бил опседнат со мастурбацијата, што имал лузни на своите гениталии како последица на агресивноста кон себеси.

su02

3. Многу сериски убијци често преживеале некаква повреда на главата кога биле деца која го оштетила нивниот преден мозок кој управува со способноста за проценка, самоконтрола и социјални врски.

su03

4. Не е ретка појава мајките на сериските убијци да злоупотребувале алкохол и други опојни средства додека биле бремени со нив.

su04

5. Убијците и насилните престапници во своето тело вообичаено имаат високо ниво на токсични метали како олово, кадмиум и манган кои го намалуваат нивото на серотонин и допамин што предизвикува нагон кон агресивно однесување.

su5

6. Повеќето сериски убијци бираат жртви од нивната раса

su06

7. Вообичаено се претпоставува дека сите сериски убијци се исклучително умни, но тоа не е секогаш така. Во едно истражување во кое биле опфатени над 200 сериски убијци, нивниот просечен коефициент на интелегинција бил нормален

su07

8. Сериските убијци се фасцинираат од авторитетни фигури, до таа мера што многумина од нив се обиделе да се вработат во војска или во полиција.

su08

9. Извесен број од овие луѓе се обиделе да извршат самоубиство, и тоа во повеќе наврати.

su09

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено