Нашиот свет е полн со неверојатни и непредвидливи ситуации и работи. Како можеме инаку да ги објасниме сите оние чудни откритија што понекогаш ги прават луѓето? Ви ги претставуваме најинтересните примери на луѓе кои имале толку среќа за најнеочекувано да најдат неверојатни богатства.

Фабержеово јајце купено на пазар

Еден Американец купил метално јајце со делови од бисер и часовник внатре. Тој платил 14.000 долари и сакал да го продаде предметот за повисока цена, но никој не сакал јајце со часовник. Така човекот одлучил да ја дознае историјата на неговата набавка. Тој забележал симбол на Vacheron Constantin, го пребарал Гугл и нашол статија за експертот Фаберже. Кога човекот го однел јајцето на професионални оценувачи, тој конечно ја дознал неговата историја. Јајцето било како велигденско јајце што Александар III, царот на Русија, го нарачал за својата сопруга во 1887 година. Никој не знае како јајцето стигнало во САД, но на Американецот кој сега е побогат за 33 милиони долари, најверојатно не му е грижа.

Златна грутка со тежина од 5,5 килограми

Трагач по злато, аматер одел на плажа во близина на Баларат (Австралија), кога неговиот детектор пронашол чуден објект во песокот. Тој првин мислел дека е старо железо, но подоцна сфатил дека се работи за златна грутка. Таа тежела 5,5 килограми и вредела околу 300.000 долари. Тоа била еден од најголемите грутки што некогаш биле пронајдени во таа област.

Ferrari 330 GT од 1966 година пронајдено во гаража

Во Вајоминг, еден човек купил куќа што чини 285.500 долари. Со куќата одела и гаража, но ниту купивачот, ниту агентот за недвижности не обрнале многу внимание на неа. Кога купувачот сакал да ја исчисти пронашол Ferrari 330 GT од 1966 година кое вреди околу 500.000 долари.

Стафордширско богатство во дворот

На 5 јули 2009 година, Тери Херберт, англиски земјоделец, одел со неговиот стар детектор во близина на неговата куќа во потрага по прстен што неговата ќерка го изгубила. Но, тој нашол богатство! 1.500 златни и сребрени предмети кои датираат од VII век. Тежината на богатството изнесувала 7,5 кг, а неговата вредност изнесувала повеќе од 5 милиони долари.

Богатства во стариот стол

Пар од Шкотска купил стол за 5 евра, но немале пари за да го поправат и затоа го оставиле да стои на таванот. 6 години подоцна, Милнер-Браун одлучил да го поправи столчето. Тој го симнал тапацирот и го открил дијамантскиот накит внатре. Двојката открила дека накитот вредел над 5.000 евра.

Богатство во пијано

61-годишниот Мартин Бакхаус бил поканет во Bishop’s Castle Community College за да поправи пијано. За време на неговата работа, човекот пронашол 7 торбички со монети од времето на Викторија под пијано копчињата. Експертите проценуваат дека нивната вредност е 640.000 долари.

Златна куќа

Французинот кој не сакал да го открие своето име е среќен што наследил куќа во Нормандија. Новиот сопственик почнал да гледа низ својот имот и забележал мала кутија со златни монети, која била прицврстена на стол. Тој нашол уште злато во кутија за виски. Подоцна, човекот открил куп златни шипки. Вкупниот износ бил речиси 3,7 милиони долари.

Најголемата опал матрица во светот

Во 2011 година најголемата опал матрица во светот била пронајдена во опалните полиња во Јужна Австралија. Овој камен имал 55.000 карати чист опал. Таа била пронајдена од страна на истакнат дизајнер Стјуарт Хјуз и неговите соработници. Каменот беше проценет на 1 милион долари.

Пари пронајдени на таванот

Џош Ферин од Јута бил во неговата работилница кога забележал како од таванот виси парче ткаенина тој го повлекол парчето и се појавил отвор до таванот. На таванот пронашол 7 кутии со пари и две големи кеси за ѓубре полни со кеш. За да испадне фер тој ги контактирал претходните сопственици кои исто така биле шокирани. Нивниот татко им ја оставил куќата и најверојатно тој ги сокрил парите. Вкупно имало околу 45.000 долари.

Сподели на Facebook
пати видено