Кога луѓето ќе слушнат ХИВ кај нив се појавува одредена доза на страв, која не може да се занемари. Во едно истражување испитаниците признале дека ќе се однесуваат со претпазливост доколку знаат дека одредено лице има ХИВ дури и ако станува за блиска личност од нивното семејство или пак пријател.

Еден влогер спровел и експеримент така што на луѓето на улица им соопштувал дека има ХИВ и ги прашувал што да прави, иако поголем дел од луѓето биле разумни, никој не сакал да му пружи рака за да се поздрави.

Мит 1: ХИВ се открива веднаш по инфекцијата.

Дијагностичките методи се напреднати, но сепак сѐ уште не се толку навремени. Ова не е медицинска грешка, туку особеност на технологијата: по сипаница или херпес може да се појави погрешна позитивна реакција на ХИВ. Во овој случај, секогаш се врши дополнителна потврдна анализа.

Парадоксално, негативна реакција не значи отсуство на вирус. ХИВ инфекцијата има прилично долг период на инкубација: од 3 недели до 1 година. Во тоа време, тешко е да се детектира, бидејќи во крвта има многу малку антитела и тестот едноставно не ги гледа.

Мит 2: ХИВ-позитивна жена може да роди само ХИВ позитивно дете.

Сега планирањето на семејството за ХИВ позитивни брачни другари не е невообичаено. Периодот на бременост и самиот процес на раѓање се асоцирани со различни тешкотии: неопходно е постојано да се земаат антивирусни лекови, да го напуштат природниот процес на раѓање во корист на царски рез, а потоа да не го дојат детето. При почитување на сите безбедносни мерки и превенции ризикот од инфекција на детето изнесува помалку од 1%.

Мит 3: Доколку комарец каснал ХИВ позитивна личност, а потоа и вас, и вие ќе бидете заразени.

За време на целото постоење на ХИВ, не е идентификуван ниту еден случај на инфекција од вирусот преку каснување од инсектот. Постојат неколку причини за ова. Прво, во комарецот постои вентил кој дозволува крвта да поминува во една насока – внатре во инсектот. Во моментот на гризнување, комарецот инјектира под вашата кожа анестетик а не крвта на претходната жртва. Второ, во организмот на комарецот вирусот не може да преживее, што значи дека инсектите не се преносители на оваа болест.

Мит 4: ХИВ-инфицираните ги инфицираат сите со кои имаат сексуални односи

Околу 80% од ХИВ-инфицираните лица добиваат специјални лекови, а околу половина од нив живеат со потиснат вирус, според статистичките податоци. Потиснатиот вирус – ова значи дека количината на ХИВ инфекција во крвта е толку незначајна што дури и тестот не може да ја детектира. Ова не е победа над болеста – во секој момент бројот на заразени клетки може драматично да се зголеми (на пример, ако престанат да земаат лекови).

ХИВ-позитивните лица со потиснатиот вирус не можат да ги заразат дури и оние со кои имаат секс. Сепак, експертите препорачуваат заштита. Причината е едноставна: нивото на инфекција може да се зголеми во секое време, а пациентот дознава за тоа само по тестирањето.

Мит 5: ХИВ и СИДА се една иста работа

СИДА, ова е болест во која имунолошкиот систем во телото практично не функционира. И ХИВ е вирус кој ги инфицира клетките на имунолошкиот систем. Ако има многу заразени клетки, на лицето му се дијагностицира СИДА. Ова обично се јавува неколку години по инфекцијата. Всушност, ваквата дијагноза значи приближување кон крајот. Многу луѓе се носители на вирусот, но не добиваат СИДА.

Мит 6: Доколку сте заразени со ХИВ не ви останува уште многу од животот

Ова е Чарли Шин, во минатото најплатениот актер во Холивуд. Во 2015 година тој јавно призна дека бил ХИВ-позитивен веќе 4 години. Во 2019 година, актерот сè уште се чувствува добро. Постојат голем број на хронични заболувања (на пример, дијабетес или хипертензија) кои не предизвикуваат смрт. Тие не можат да се излечат, го намалуваат нивото на квалитетот на животот, но не доведуваат до смрт. ХИВ инфекцијата се смета за хронична болест.

Мит 7: Тетоважите и пирсингот се целосно безбедни

Многу луѓе се тетовираат и ставаат пирсинг евтино кај почетници. За жал, почетниците не ги следат основните правила на дезинфекција. И вие може да добиете не само ХИВ, туку и елементарна сепса. Изберете само специјализирани салони или индивидуални тату мајстори кои имаат студија дома и ги имаат сите потребни алатки.

Мит 8: Секој кој е заразен е должен да ги информира сите околу нив за нивната болест.

Единствената обврска за ХИВ-позитивна личност е да се зборува за вирусот со сексуалниот партнер и со нивните претпоставени, ако работата вклучува ризици. Во сите други случаи, самиот пациент одлучува дали да зборува за неговата болест.

Мит 9: Државата ќе му ги овозможи на пациентот сите можни лекови.

Ова е еден од најнепријатните проблеми од кои секој ХИВ-инфициран човек страда. Во државните центри даваат бесплатни лекови, но само стари примероци. Тие се помалку ефикасни и имаат огромно количество несакани ефекти.

Според статистичките податоци на СЗО, лидер во ширењето на ХИВ во Европа е Русија. Во 2017 година, тука се откриени 70 нови инфекции на секои 100.000 луѓе.

Сподели на Facebook
пати видено