Прилично сме сигурни дека 99% од луѓето би сметале дека парче лепак кое личи на цртан лик е ѓубре. Но, некако, луѓето подолу успеале да заработат илјадници (а понекогаш и милиони) долари за најбескорисните предмети.

9. Вечера пред камерата за 10.000 долари.

Во Јужна Кореја, луѓето кои јадат храна пред камера, добиваат милиони прегледи на YouTube. Овие видеа ги викаат, Мукбанг. Познати личности на Мукбанг, како што е hyuneeEats (на пример, има повеќе од 400.000 претплатници), заработуваат 10.000 долари месечно со јадење огромни порции од различни видови храна од тестенини, до хамбургери и суши.

8. Стар џемпер за 43.000 долари.

Двојката од САД, Шон и Рики Макевој, купиле стар спортски џемпер во продавница од втора рака за 58 центи. Тие подоцна дознале дека џемперот му припаѓал на легендарниот американски фудбалер, Винс Ломбарди Џуниор, во 50-тите години. Двојката успеала да го продаде џемперот за 43.000 долари на аукција.

7. Компир салата за 55.000 долари.

Една личност наречена Зак „Опасност“ Браун одлучи да ја искористи платформата за собирање донации, Кикстартер, за да собере пари за да подготви салата од компири. Тој барал само 10 долари, но претплатниците собрале неверојатни $ 55,422 за него.

6. Десна патика на Џастин Бибер за 62.000 долари.

На концерт во Франкфурт на Мајна, пејачот, Џастин Бибер фрлил една од неговите патики во публиката. Среќниот дечко кој ја фатил ја ставил патиката на eBay, каде што била продадена за 62.000 долари. Судбината на оваа Yeezy е непозната, но нејзиниот лев партнер има своја сопствена Instagram страница.

5. Испринтана објава од интернет за 90.900 долари.

Испринтана објава од интернет на која стои: „Било што може да биде уметност. Оваа објава е уметност.“ била продадена на eBay за 90.900 долари за само 36 часа од почетокот на понудата.

4. Парче исушен лепак кое личи на Хомер Симпсон за 239.000 долари.

Англичанецот, Кристофер Херберт, пронашол грутка исушен лепак која личи на главата на Хомер Симпсон од Симпсоните, додека го чистел својот стан. Тој ја ставил на аукција на eBay на шега и бил многу изненаден кога ја видел борбата што следела над оваа смешна ставка. Грутката конечно била продадено за неверојатни 239.000 долари.

3. Пиксели на интернет страницата за 1.000.000 долари.

Духовит студент по име Алекс Тју сакал да заработи пари за студиите и создал место каде секој пиксел бил продаван за еден долар. Минималната порачка била 100 пиксели, а кој ги купил, можел да постави своја реклама со линк до нивната страница. Алекс завршил со заработка од еден милион долари за помалку од шест месеци, покрај тоа што станал светски познат.

2. Телото како медиум за рекламирање за 1.000.000 долари.

Џејсон Садлер заработува пари во последните пет години, носејќи маички со имиња на различни марки на нив и објавувајќи го тоа во социјалните медиуми. Неговата прва рунда рекламирање на маички почнала само за еден долар, но цената продолжила да расте со текот на времето. На крајот, не бил само тој облечен во овие маици, туку имало и уште четири вработени кои ги носеле. Не само што Џејсон самиот заработил еден милион долари, туку и станал познат по својата брилијантна идеја. Најголемите светски медиумски сајтови пишувале за него, па дури и снимиле документарен филм за неговиот бизнис.

1. Фотографија на компир за 1.240.000 долари.

Фотографот Кевин Абош многу лесно заработи милиони евра. Во 2010 година тој фотографирал компир на црна позадина и ја продал сликата на познат колектор. Абош, исто така, фотографира познати личности како Дастин Хофман и слично, сите со негов потпис на темна позадина. Оваа година, Абош продаде уште една фотографија: дигитална фотографија од роза за еден милион евра во форма на криптовалути.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено