Според анализата на глобалните трендови во индексот на телесна маса (BMI), повеќе од 640 милиони луѓе ширум светот живеат со дебелина. Од нив, малкумина се издвојуваат и стануваат успешна приказна за инспирација.

Можете ли да замислите една девојка која некогаш била нарекувана „грдото пајче“ подоцна победила на натпревар за убавина? Овие луѓе докажуваат дека небото е граница. Можеби почнале со намера да изгубат неколку килограми, но всушност се пронашле во процесот и станаа идоли на милиони луѓе.

1. Креирајте си ја вашата бајка

Јоана Јосиф имала прекумерена тежина. На 13 години таа имала 104 килограми. Откако станала тинејџерка ја изгубила самодовербата кога ги гледала останатите девојки и решила да преземе нешто во врска со тоа. Таа не само што сега има 56 килограми туку станала и Мис Селангор 2016 и учествувала во Мис Малезија 2016.

2. Бидете херој на вашата приказна

Амбер Рахди имала 300 килограми кога телевизиската мрежа TLC ја раскажала нејзината приказна. Поради нејзината тежина таа морала да се откаже од факултетот и да остане дома. Во нејзиниот случај е вистина кога велат „каде што постои волја, постои начин“, таа изгубила 180 килограми со гастричната бајпас хирургија и продолжила да го следи строгиот режим на исхрана.

3. Таа не се промени, таа се пронајде себеси.

Оливија се поставила пример во нејзиното семејство, докажувајќи дека дури и ако е дијагностицирана со дијабетес тип 2 и висок крвен притисок, кој таа го наследила од нејзиниот татко, може да живее здрав начин на живот. Таа изгубила 27 килограми и сите нејзини несигурности.

4. Погледнете во огледалото, тоа е вашата конкуренција

Бриана Бернар ја користела бременоста како изговор за прејадување. По породувањето не успеала да се откаже од своите навики за храна и кога го сфатила ова изгубила 45 килограми. Подоцна станала дури и личен тренер.

5. Променете се за себе, а не за светот

Рејчел Сенфорт никогаш не почувствувала помалку самоуверена бидејќи има прекумерна тежина. Но, еден ден кога нејзината ќерка дошла дома тажна, бидејќи еден од нејзините соученици ја нарекол мајка ѝ „дебела“, Рејчел го сфатила тоа како повик за будење за неа. Таа изгубила 45 килограми.

6. Поправете го вашиот начин на размислување и работете на своите цели

Марија Столфи изгубила 38 килограми и се стреми да изгуби повеќе. Откако била дијагностицирана со синдром на полицистични јајници поради што било скоро невозможно да се намали телесната тежина, таа сега стана инспирација за другите и во моментов има 20.000 следбеници на Инстаграм.

7. Останете позитивни, работете напорно и остварете ги целите

Кетлин Голдинг била дете со прекумерна тежина од мала. Откако станала уморна од непријатностите, одлучила да ослабне и паднала на 80 килограми.

8. Годините се само бројка кога станува збор за фитнес

Реалноста го погодила Џеремаја Петерсон кога тргнал на пешачење со неговата сопруга и 3-те деца и забележал како тие со леснотија пешачат и уживаат без него. Подоцна, како мотивација, влегол во натпревар за трансофрмација и освоил 50.000 долари. Тој има 40 години.

9. Целта без план е само желба

Пердју, која некогаш имала 140 килограми имала опасна по живот несреќа во 2012 година, што ја натерала да го промени својот животен стил. Таа одлука и помогнала да изгуби 181 килограм. Таа вели дека сега има многу енергија и за прв пат успеала да вози велосипед на 33 години.

Хероите на нашето време не се политичарите и богаташите, туку обичните луѓе со своите мали, но големи подвизи. На каналот Победници, хероите на нашето време се на прво место.

Сподели на Facebook
пати видено