Од детството, речиси кај сите од нас се всадуваат стереотипи за тоа што треба да прават луѓето од нашиот пол, а што не треба. Девојки – кукли, момчиња – автомобили; девојки – книги за принцези, момчиња – за роботи.

Но, постојат такви девојки кои, растејќи, управуваат не само со автомобили, туку и со цели авиони, па дури и со бродови. И момчињата покажуваат дека можат да се вклучат во оние спортови и уметности кои никогаш не биле поврзани со мажите.

Мис Индија е пилот

Ѓул Панаг не е само победник на натпревари за убавина и талентирана актерка. Таа е ангажирана во друштвени активности, учествува во разни маратони, вози велосипед и е исто така е сертифициран пилот.

Маж практикува синхронизирано пливање

Се веруваше дека мажите не се во можност професионално да се покажат во овој спорт. Сепак, Александар Малцев, добитник на 6 златни медали добиени на светско и европско првенство во синхронизирано пливање, го покажа спротивното.

Девојката во противпожарна служба

Пред вас е норвешката убавица Гун Нартен и таа работи како пожарникар. Таа ја одбрала оваа професија кога имала 19 години кога сфатила дека таквата услуга ќе ѝ помогне да одржи активен животен стил и истовремено да им помага на луѓето.

Кревкиот камионџија

Пред да стане возач на камион, Лиза Кели билаа тркач, па дури и возела школски автобус. Потоа се вработила во транспортна компанија во Алјаска. Нејзините должности вклучуваат возење на камион со приколка на зимски пат.

Оној кој докажал дека еден маж може да стане дадилка

Џон Брендон го изгубил својот татко кога бил уште дете. Врз основа на лично искуство, Џон бил уверен дека секое дете лишено од учеството на таткото во воспитувањето има потреба од комуникација со маж. Затоа, тој ја созадал агенцијата на машки дадилки, наречена „Мани“.

Девојката работи во фабрика за цемент

22-годишната Емили Барид,работи во фабриката Hanson UK, која е главен производител на цемент. Емили го одбрала својот живот свесно и им изјави на новинарите дека е вљубена во материјалот со кој работи.

Девојка – капетанот на бродот

Кејт Мекеј беше првата жена во Америка која стана капетан на брод за крстарењето на класата Мега.

Маж кој свири на харфа

Ксавиер де Местре почнал да свири на харфа на 9 години. Студирал во музичкото училиште на својот роден Тулон, а потоа се преселил во Париз за да ги подобри своите вештини.

Девојката која покажала дека е одличен дрвосечач

29-годишната Марта Кинг редовно учествува во натпреварите за дрвосечачи и веќе успеа да ја добие титулата шампион. По изглед таа е слатка и кревка девојка, но во уметноста на сечење дрво навистина ѝ нема рамен.

Сподели на Facebook
пати видено