Човечкиот мозок не е целосно разбрана структура, тоа е факт. Неврофизиолозите откриле дека неокортексот, или новиот мозок, не разликува од животни: мислиме, знаеме како да извлечеме заклучоци, ја разбираме логиката.

Но, постои друга страна – т.н. рептилен мозок, кој го поседувале и древните луѓе. Тој е одговорен за одредени инстинкти кои ги наследивме од нашите предци. На пример, желбата да се преживее по секоја цена.

1. Зависноста на режимот на спиење од светлината

Режимот на примитивниот човек за спиење бил регулиран од сонцето: очите на нашите предци биле прилагодени за добро да гледаат кога има светлина. Зората значела дека е време да станат и да одат да најдат храна. Сега можеме да спиеме колку што сакаме, особено за време на викендите, но ги навлечуваме завесите кога сонцето се обидува да не расони – а телото вообичаено диктира: „Стани!“ Проблемот е остар пад на нивото на хормонот наречен мелатонин. Тој му помага на човекот да заспие, но неговата концентрација паѓа кога светлината ќе дојде во контакт со мрежницата на окото.

2. Правење резерви за црни денови

Секој кој се обидел да почне со ригорозна диета, се соочил со очајнички отпор на телото. Штом драстично ќе го намалиме бројот на калории што ги добиваме, лукавиот организам веднаш го намалува метаболизмот, спречувајќи го губењето на килограмите.

Постои ген во нашето масно ткиво наречено инсулински рецептор. И му кажува на телото да ја задржи секоја калорија. Впрочем, ако сопственикот јаде малку, тоа значи дека доаѓаат гладни времиња. Така, техниката на преживување на нашите предци не спречува да станеме витки.

3. Мрзливи сме и не одиме во фитнес салата затоа што ништо не го загрозува нашиот живот.

Тенденцијата на човекот да лежи на каучот наместо да оди на тренингот е апсолутно нормална. Логиката на нашиот генетски код, кој не се променил со милениуми, е очигледна: нема на што да се троши силата, додека на хоризонтот не се појави предатор или плен.

4. Губење на витална енергија со возраста

Многумина во младоста се прашуваат зошто постарите луѓе ретко пишуваат книги, прават креативна работа, бидејќи имаат толку многу слободно време и акумулирано искуство! Едноставно: со возраста, содржината на одредени хормони во крвта се намалува, па затоа ефикасноста на мозокот се намалува и виталната енергија се губи.

Се разбира, за модерните луѓе, ова е едноставно нефер и погрешно. Но, од гледна точка на суровата и неиздржлива природа, постарата личност ја исполнува својата мисија на размножување и повеќе не е потребна.

5. Раздразливост при чувство на глад

Често мораме да го одложиме внесот на храна поради важен состанок, проблеми во транспортот или едноставно итни прашања. Телото реагира не само со чувство на празнина во стомакот, туку и со зголемена раздразливост. Ние сме подготвени да му викнеме на секој кој ќе ни се најде на патот и бараме причина за кавга.

Факт е дека како одговор на падот на гликозата, мозокот му дава на телото сигнал за производство на адреналин. Така организмот му давал на сопственикот поуспешен лов. И сега само придонесува за влошување на односите меѓу луѓето: да се загрее или да се зготви храна, не е потребен адреналин.

6. Да се изеде сѐ, до последен залак

Примитивниот човек не знаел кога ќе јаде следниот пат. Затоа, во случај на успешен лов, тој го исполнувал својот стомак до максимум, бидејќи имал повеќе шанси да преживее ако дојде времето на глад. Инстинктот што доаѓа од пештерата, исто така ни кажува да јадеме колку што сакаме. Тешко е да му се објасни на гладниот организам дека можеме безбедно да добиеме храна за неколку часа.

7. Да се спаси највредното

Кој меѓу нас не некогаш не дишел на неговите замрзнати прсти за да ги стопли? Знајте: вашите екстремитети станаа виолетови бидејќи телото буквално ја одзема крвта од нив, давајќи им ја на поважните органи. Тешко е за телото да сфати дека за пет минути ќе влеземе во топол автобус, или просторија, а смртта од хипотермија не ни се заканува.

8. Страв од мракот

Илјадници години, доаѓањето на ноќта носело зголемена закана. Безмилосните предатори ловеле, а човекот бил практично беспомошен пред нив. Само светлината на огнот ја „бркала“ темнината и инспирирала надеж дека ќе го исплаши ѕверот.

Многу деца се плашат од темнината: од нив зборуваат инстинтите на нашите предци. Изгледа дека во станот нема кој да ви наштети, а сепак необјаснив страв понекогаш ги обвива дури и возрасните кои останале сами дома.

9. Потчинување на волјата на родителите

Доколку примитивната мајка им бранела на децата да пливаат во реката, тие ќе ја послушале. Затоа, толку е тешко да се спротивставиме на мислењето на родителите. Илјадници години, напредокот презел бавни чекори и немало причина да се сомнева во искуството и точноста на ставовите на старешините.

Родителите почесто се во право во лични односи, мислења за луѓето, но понекогаш и тешко ги перцепираат прогресивните методи и професии. Нашиот живот е премногу неверојатно различен од нивниот животен стил, па не плашете се да донесувате одлуки против нивната волја, ако сте сигурни дека сега има вкусна риба во реката, а не крокодил.

Сподели на Facebook
пати видено