Браќата и сестрите се важни еден за друг како рацете и нозете. За 12-годишниот Жоу Дингфу, неговата сестра буквално е важна како неговите раце и нозе. 9-годишната Жоу Дингшуанг го носи нејзиниот брат кој има проблеми со екстремитетите, на училиште секој ден во руралната провинција Јунан, без разлика на временските услови.

„Никогаш нема да го оставам. Ќе бидам неговиот стап за одење засекогаш.“, изјавило девојчето за локална телевизија. Девојчето исто така секојдневно се грижи за нејзиниот брат. Таа секое утро му ги мие рацете и лицето, пред да го носи на грб до училиштето. Тие треба да поминуваат улици и да се качуваат по скали за да пристигнат до училиштето, но малото девојче досега никогаш не задоцнило на часовите.

Откако ќе завршат со часовите, Дингшуанг му помага на постариот брат да ја напише домашната, а потоа и помага за домашните работи во домот. Според локалната телевизија товарот за грижа врз семејството „паднал врз грбот“ на малото девојче на многу рана возраст. Нејзините родители исто така имаат инвалидитети и затоа Дингшуанг го извршува поголемиот дел од домашните задачи. Таа го мие зеленчукот, ги храни свињите, готви и рачно ја пере облеката.

Откако нејзиниот брат требал да тргне во училиште неговите родители се плашеле дека тој ќе треба да остане без образование затоа што никој нема да може да го однесе. Неговата сестра доброволно се пријавила да го носи Дингфу. Сега училиштето им обезбедило соба во близина каде што децата ќе можат да престојуваат за да не поминуваат толку голем пат. Собата од училиштето е оддалечена 500 метри и Дингшуанг продолжува да го носи нејзиниот брат на грбот секој ден.

Сподели на Facebook
пати видено