Доколку професорите по биологија им раскажуваат на учениците за овие животни и нивните откачени навики, тогаш никој не би бегал од часовите. Овие девет неверојатни факти за светот на животните ги зашеметиле и научниците. Кога ќе го прочитате текстот ќе сфатите колку може да биде неверојатен животинскиот свет.

9. Јастребите врапчари ја палат тревата за да ги принудат глодарите да излезат надвор од нивните дупки.

Верувале или не, некои птици можат да бидат одговорни за ширење пожари. Во Австралија, зоолози биле сведоци како јастреби и други птици грабливки носеле запалени стапови во нивните канџи и ги фрлале на сува трева. Со тоа се пали тревата, предизвикувајќи нивниот плен да излезе од дупките.

8. Жаба која замрзнува.

Дрвената жаба од Аљаска буквално се замрзнува шест до седум месеци. Кога студот доаѓа и го покрива телото на жабата со мраз, нејзините бели дробови и срцето престануваат да работат и крвта престанува да циркулира. Жабата има механизам за криопротектирање, намалувајќи ја точката на замрзнување на крвта и другите биолошки течности кои и помагаат да преживее за време на таквото замрзнување. Веднаш штом ќе дојде пролетта, жабата повторно се буди и продолжува да живее.

7. Риба која создава совршено геометриско гнездо.

Овие мистериозни геометриски шеми на подот во Тихиот Океан се дело на Аротхрон хиспидус, вид зракоперка. Овие убави форми се наменети да собираат ситни песочни честички од струи на водата, помагајќи им на овие риби да преживеат.

6. Линиите на зебрите не им служат како камуфлажа.

Црно-белите линии на зебрите им служат како средство за борба против цеце-мувите и коњските муви. Блиските линии на телото на зебрата се непривлечни за инсектите поради брановите на светлина кои се рефлектираат од кожата на животните.

5. Алкохолот им помага на рибите да преживеат тешки зими.

Кога златните рипки ќе почувствуваат мраз, нивните тела произведуваат етанол. Специјалните протеини во рибата ја претвораат млечната киселина во алкохол. Високата концентрација на етанол ги чува тенки клеточните мембрани на рибите дури и кога се замрзнуваат и чекаат да се стопли.

4. Огромна ајкула која нема да ве гризне.

Големата ајкула е втора најголема риба по кит-ајкулата. Иако изгледаат прилично опасно, тие всушност не се опасни затоа што јадат само планктони.

3. Комодо змејовите се многу слаби.

И покрај нивниот заканувачки изглед и фактот дека тие се најголемите гуштери на планетата, змејот Комодо всушност има залак послаб од домашна мачка. Сепак, змеј сѐ уште е опасен бидејќи лови со помош на својата отровна плунка.

2. Кралот на харингите е неверојатно долга риба.

Ова морско чудовиште било фатено пред неколку години во близина на Санта Каталина островот. Неверојатната риба се нарекува крал на харингата и има должина од 5,5 метри. Најдолгата риба од ваков вид била 11 метри.

1. Отпечатоците од прстите на коалата се скоро идентични со човечките.

Австралиските истражувачи открија дека коалиите имаат исти отпечатоци како луѓето. Отпечатоците се толку слични што дури и експертите имаат проблем да ги разликуваат.

Сподели на Facebook
пати видено