Луѓето велат дека вистината може да биде сурова, но всушност таа само може да ве направи посилни. Со други зборови, вистината е совршена. Еве осум вистини коишто можат да направат да израснете во посилна личност.
1. Не сте центар на светот
Кога ќе го прочитате ова, веројатно ќе си помислите, „Па знам дека не сум центар на светот“, но понекогаш, иако тоа не го увидуваме, се однесуваме како светот да се врти околу нас. Очекуваме сѐ да биде како што ние сакаме и дека сите тие тажни нешта за кои слушаме на вести нема никогаш да ни се случат на нас. Морате да го разберете следново: сите луѓе на светот се исти, секој се соочува со поголеми или помали проблеми во својот живот. Во овој свет никој не е бебеден. Затоа би било добро за сите да почнеме да им помагаме на луѓето на коишто навистина им е потребна помош. Треба да ги почитуваме не само сите луѓе на овој свет, туку и сите суштества на нашата планета. Сите вредиме исто.
2. Нештата нема секогаш да бидат такви какви што вие би сакале да бидат
Треба да прифатиме дека ќе ни се случуваат и тажни нешта. Но и од тоа треба да се извлече поука и повеќе да се ценат среќните времиња. Ниту тагата, ниту среќата не се вечни. Затоа не дозволувајте да ги пропуштате среќните моменти во животот и живејте го животот во сегашноста..
3. За ништо не можете да бидете сигурни
Луѓето планираат. Многу планираат. Секој ден правиме по некој нов план. Тоа може да биде долгорочен, животен план, или пак план за следната недела. Можеби ќе се однесува на работата која сакате да ја изберете или за храната која сакате да ја зготвите за денес. Но, дали сте ја слушнале поговорката, „Човекот прави планови, а Бог му се смее“? Дури и да не верувате во било каков бог, кажаното сепак е вистина; напразно е да се трудите сѐ да ви биде добро испланирано, бидејќи животот е полн со изненадувања. Не можеме да контролираме сѐ и треба да го разбереме тоа, да се опуштиме и да живееме без нервози.
4. Многу пати ќе доживеете неуспех
Ако сакате да успеете без да се обидувате, имаме лоши вести за вас. Никој никогаш не успеал во било што седејќи на каучот. Ќе треба да се обидете повеќе од еднаш, ако навистина сакате нешто да постигнете. Тешките нешта вообичаено се тие коишто најмногу вредат. Запомнете дека неуспехот само ќе ви даде сила да се обидете подобро и да бидете подобри во следниот неуспех, за на крајот да успеете.
5. Многу луѓе ќе ве разочараат и ќе ве лажат
Не велиме дека не треба да верувате на никого, туку само дека треба да бидете внимателни. Како што Боб Марли имал обичај да каже, „Вистината е дека секој ќе те повредува. Треба само да го најдеш тој за кој вреди да страдаш“. Оваа единствена мисла може да ја опфати суштината на човечките односи. Ќе има многу луѓе во вашиот живот, но малкумина од нив ќе бидат таму за вас кога ќе ви бидат потребни. Обидете се таквите да ги забележите рано и никогаш не дозволувајте да излезат од вашиот живот.
6. Во основа, на светов сте сами
Повеќето луѓе крајно се плашат од осаменоста. Но, не мора да значи дека самотијата е нешто лошо. Да се биде сам понекогаш може да ви помогне да научите да се сакате себеси. Ако се сакате себеси, тогаш имате сѐ што ви е потребно и другите да ве сакаат. Не потценувајте го времето кое треба да го минете сами. Тоа време на самотија ви е потребно за да станете независна личност.
7. Смртта е неизбежна
Стравот од смртта е исто така честа појава. Луѓето се во постојан страв дека тие или некој од нивните сакани ќе умре. Мораме да разбереме дека смртта е природна појава. Природна исто колку и раѓањето. Прифатете го фактот дека еден ден смртта ќе дојде по своето, бидејќи тоа ќе ви помогне да ја сфатите значајноста на животот. Живејте си го животот и не мислете на нештата коишто не можете да ги контролирате и врз кои не можете да влијаете.
8. Понекогаш ќе посакате да се откажете
Нормално е понекогаш да се чувстувате така. Но не е нормално тоа чувство целосно да ве обземе. Никогаш не треба да се предавате. Животот е скапоцен подарок, дури и кога некогаш се чини како несолена шега. Обидете се да се насмеете и на невкусните шеги и да уживате и да бидете среќни, бидејќи секоја секунда од нашето постоење е дар, и дел од едно прекрасно патешествие кое секој треба да си го изоди на свој начин.