Без разлика дали со години возите автомобил или само што ја добивте вашата возачка дозвола има многу работи кои можеби не ги знаете за вашиот автомобил.

Всушност, вистинските експерти за автомобили ќе ви кажат дека некои од работите што мислите дека ги знаете за вашиот автомобил може да бидат не толку точни. На пример многу работи кои ги правите за „доброто“ на вашиот автомобил може да бидат непотребни.

1. Акумулаторот на вашиот автомобил можеби не треба да се замени

Ако се чини дека имате проблеми со акумулаторот на вашиот автомобил, вашиот прв инстинкт може да биде да го замените. Често, жиците на акумулаторот се проблем поради корозија. Еден трик кој луѓето го користат за да се поправи ова е истурање на Кока-Кола на жици; помага во борбата против ерозијата. Или би можело да биде поевтино и полесно да го наполните акумулаторот.

2. Поважно е да бидете сигурни дека нема да снемате масло одошто да го чистите маслото

Ако мислите дека треба да го менувате маслото на секои 5000 км, треба да знаете дека всушност експертите велат дека може да се почека и до 12.000 км. Кога станува збор за маслото во автомобилите треба да внимавате на тоа дали имате масло во него, а не дали е валкано.

3. Проверете дали има ‘рѓа на вашите сопирачки

Кога ќе слушнете дека вашите сопирачки чкрипат веднаш ви доаѓа на ум да ги смените гуртните. Сепак можете да го решите проблемот доколу ја отстраните ‘рѓата од нив. Генерално, кочниците не треба да се заменат додека не се истрошат 90%.

4. Бидете внимателни со бесплатни проверки

Кога вашиот механичар ви кажува што му треба на автомобилот најверојатно не сакате да се сомневате во професионалец. За жал, има механичари кои ќе ви се понудат бесплатно да ви го проверат автомобилот и ќе ви најдат еден куп „проблеми“. На пример доколку ви вели дека треба да ви се замени одреден дел, но не сака да ву го покаже или да ви објасни каде и зошто настанал проблемот, тогав веројатноста дека лаже е голема. Затоа исто како со лекарите, најдобро е да се побара второ мислење.

5. Не барајте од механичарот да ви ги ротира гумите

Многу специјалисти не веруваат дека всушност ова им помага на гумите да ја подобрат брзината. Ако треба механичарот да ги ротира гумите поради која било причина, означете ги со креда за да бидете сигурни дека тие всушност се ротирани.

6. Не плашете се од светлото за проверка на моторот

Најчеста причина зошто вашето светло за проверка на моторот се појавува на контролната табла е затоа што вашето капаче од резервоарот не е доволно зацврстено, што предизвикува кислород да влезе низ линијата за гориво. Често, она што се појавува на контролната табла зависи од дизајнот на возилото или софтверот, наместо од вистинските проблеми со автомобилот.

7. Веројатно не ви се потребни посебни адитиви.

Специјалист за автомобили или механичар мора да сугерираат одредени адитиви за вашиот мотор, резервоар за гориво за да помогнат во подобрување на перформансите на вашето возило. Реално, вашиот автомобил веќе добива специјални додатоци од бензин и моторно масло.

8. Не го прекорачувајте ограничувањето

Освен ако не глумите во The Fast and the Furious, никогаш не треба да го поминувате ограничувањето на брзината додека возите. Ова не само што го зголемува ризикот од несреќа и проблеми со законот, основната математика покажува дека забрзувањето помага само за долгите патувања. За патување помало од 800км ќе заштедите најмногу 12 минути.

Сподели на Facebook
пати видено