Замислете дека одите сами ноќе. Или можеби е ден, но се наоѓате во сомнително соседство. Сигурно сакате да бидете подготвени и да знаете како да реагирате во случај некој да те нападне. Тука советите за самоодбрана може да ни помогнат.

Сепак, бидете внимателни чии совети ќе следите. Затоа што ако советите се земени од несигурен извор кој немал вистинско искуство во вакви ситуации, тие можат да работат против вас и всушност, да ве стават во поголема опасност.

1. Држење на клучевите помеѓу прстите

Многу луѓе мислат дека најдобриот начин да се користи клуч за заштита е да се држи во една тупаница помеѓу прстите. Сепак, постојат некои негативни страни на овој метод:

  • Ако напаѓачот ја види вашата стегана тупаница, првото нешто што тој / таа ќе го направи е да ги фати клучевите и нема да имате со што да се одбраните.
  • Ако се обидете да удрите некого со таков клуч, така ќе ги исечете прстите поради острите рабови.

Подобар начин да се носи клучот е да го држите природно, како да сакате да ја отворите вратата. Така нема да привлечете внимание кон него, и ќе биде полесно да се справите.

Исто така можете да го држите клучот надолу, како нож. Тоа може да ви помогне да направите замав, помоќно движење.

2. Бегање од напаѓачот

Бегањето од напаѓачот не е секогаш добра идеја.

  • Напаѓачот може да биде побрз од вас. Ако трчате, тоа може да го направи поагресивен и понетрпелив и на тој начин да ве стави во поголема опасност отколку што сте биле порано.
  • Запрашајте се дали имате доволно издржливост да трчате подолго време и дали ќе имате сила во случај да морате да се борите.
  • Вашиот грб е откриен, што може да биде смртоно ако напаѓачот има пиштол.
  • Исто така, нема да видите што се случува зад вас, и ќе ја вртите главата за да проверите дали некој сѐ уште ве следи а тоа ќе биде одвраќање и ќе ве успори.

Сепак понекогаш ова е единствената најдобра опција, па затоа дококку треба да се примени треба да се размисли за овие неколку факти.

3. Да се обидувате да го вразумите напаѓачот

Можеби мислите дека разговорот со напаѓачот ќе ви помогне да ја де-ескалирате ситуацијата, но со ова можете да ги зголемите вашите шанси да бидете повредени.

Напаѓачот ќе биде фокусиран исклучиво на неговата / нејзината цел (на пример, да ве ограби). Значи, она што доаѓа меѓу него и постигнување на таа цел, е вашиот говор, со што кај него ќе се појави поголема агресија. Иритацијата може да го натера напаѓачот да преземе драстични мерки и да ве повреди.

4. Учење техники за самоодбрана онлајн

Додека гледате видеа кои објаснуваат како да се одбраните, може да се чувствувате побезбедно, но тоа не е начинот на кој треба да учите самоодбрана. Да гледате некој како се бори со напаѓачне е исто како и вие да го правито тоа сами.

5. Фрлање на личните работи

Доколку некој се обидува да ве ограби и вие ги фрлите вашите работи на земја и почнете да бегате можете да го налутите напаѓачот затоа што не ги следите неговите упатства и да употреби сила, иако првично не планирал.

6. Избегнување контакт со очите

Понекогаш го слушате овој совет: избегнувајте контакт со очите со напаѓачот, бидејќи тоа ќе го вознемири и ќе ја ескалира ситуацијата.

Додека во некои ситуации тоа може да важи, во други ќе му покаже на напаѓачот дека сте заплашени од него и лесна цел. Значи, со тоа што остварувате контакт со очите, ќе покажете дека сте сигурни, подготвени да го идентификувате во полицијата.

7. Удар во меѓуножјето

Иако ова ќе предизвика болки, тоа нема да ви помогне многу.

Мажите можат лесно да ја заштитат оваа област, бидејќи тие добар дел од својот живот примале клоци во овој дел. Ова нема да го повреди доволно долго за да имате време да избегате.

8. Да се преправате дека зборувате на телефон

Ова е уште еден совет што може да ви даде чувство на сигурност, но, всушност, не ве прави посигурни. Можеби мислите дека ако напаѓачот гледа дека зборувате по телефон, тоа ќе го исплаши, бидејќи ќе има сведок – лице на другиот крај на линијата. Но, тоа всушност ќе му покаже дека не сте свесни за околината и невнимателни сте, бидејќи вашиот ум е на друго место. Така тој / таа ќе ве види како лесна цел.

Бонус: Викајте „Пожар“

Понекогаш се вели да викате „Пожар“ наместо „Помош“, но ова е меч со две острици. Многу луѓе не сакаат да бидат вклучени во конфликти па затоа доколку викнете „Пожар“ ќе викнат полиција и пожарна, но можат и да се исплашат од „пожарот“ и да бегаат.

Сподели на Facebook
пати видено