Тие се слатки. Тие се неодоливи. Тие се убијци? За луѓето велат дека не се секогаш такви како што изгледаат на прв поглен, но очигледно ова важи и за овие видови на животни. Првата работа која би ви дошла на ум е да им се доближите или пак да ги нахраните, но очигледно тоа би било прилично лоша идеја.

1. Коала

Можеби е тешко да се поверува, но вистина е. Коалата спие околу 22 часа, но кога ќе се изнервира не може ништо да ја сопре. Во 2014 година Мери Ен Фостер од Јужна Австралија се обидувала да си ги спаси двете кучиња од агресивна Коала, но Коала ја нападнала и неа. Таа ја гризнала Мери на неколку места а потоа ги закопала забите во нејзината нога и Мери морала го рацете да и ја рашири вилицата за да ја тргне. Раната била длабока и морала да се сошие.

2. Дабар

Иако изгледаат беопасно имаат остри заби и се многу териоторијално настроени. Дабар убил рибар во Белорусија така што со забите му ја откорнал феморалната артерија, исто така во парк за кучиња во Алјаска дабари нападнале 10 кучиња и сите биле испратени на шиење кај ветеринарот, дури властите морале да постават знак „Предупредување! Агресивни дабари!“. Во Канада и САД многу пливачи биле нападнати од дабари.

3. Крава

Иако секоја крава може да стане малку нервозна ова не важи за сите крави. Се работи за посебен вид крави кој браќата зоолози Хајнц и Луц Хек сакале да го рекреираат во 1920-тите. Бос Таурус е диво говедо кое што не може да се припитоми. Тие успеале да создадат таков сличен вид со вкрстување на шпански бик, но овие крави не служеле за ништо затоа што не можеле да се контролираат.

4. Делфин

Верувале или не делфините можат да бидат многу злобни. Според истражувачите докажано е дека машките делфини убиваат млади делфини па дури и сопствените деца, само затоа што можат. Во многу ситуации делфини „сексуално“ нападнале нуркачи и пливачи, а исто така биле забележани и како играат „одбојка“ со мали ајкули.

5. Прериско куче

Овие „слатки“ тревопасни животни убиваат верверички со нивните заби, само затоа што им претставуваат конкуренција во собирањето на храна. Џон Хугланд ги набљудувал и успеал да ги фати овие ужасни моменти на камера. Дури тој самиот не очекувал ваква ладнокрвност од навидум безопасни животни.

6. Бавен лорис

Ова суштество со големи очи, има заби остри како игли и отровни лакти. Кога ќе се почувствува загрозено ги крева рацете над неговата глава и кога некој ќе помисли колку е тоа слатко тој зема од отровот со јазикот и преку гризење го внесува во организамот на човекот или животното. Отровот е смртоносен за мали животни, но испратил неколку луѓе и еден истражувач во болница со анафилактичен шок. Некои истражувачи тврдат дека отровот кој го пренесува бавниот лорис е случајност.

7. Лебед

„Романтичниот“ лебед може да стане многу агресивен. Лебедот наречен Ханибал убил 15 лебеди и повредил уште 10 во близина замокот Пембрук во Велс. Тој им ги кршел прстите и ги давел во водата додека не умрат, а потоа парадирал и ги покажувал мртвите тела на неговата „сопруга“. Исто така лебедот Асбо напаѓал други животни и мали чамци во езерото.

8. Нилски коњ

Секоја година скромниот нилски коњ убива повеќе луѓе од лавовите, тигрите и мечките, па дури и од ајкулите. Иако изгледаат мирни тромави, тие се прилично брзи на копно, а уште побрзи во вода. Доколку се „изнервираат“ превртуваат и бродчиња и автомобили.

Сподели на Facebook
пати видено