Растејќи со Бел, Покахонтас и Алиса, се смеевме и плачевме со нив, а понекогаш дури и се обидувавме и да изгледаме како нив. Сепак многу од нашите омилени херои всушност се инспирирани од вистински личности.

На пример, гадната насмевка на Конрад Вејд стана една од најпрепознатливите карактеристики на Џокер, додека Џон Нетлшип го сподели својот изглед и страст за хемијата со Северус Снејп.

1. Џокер – Конрад Вејд

Визуелната инспирација за Џокер бил германскиот актер Конрад Вејд со неговата главна улога како Гвинплен во филмот Човекот кој се смее.

2. Покахонтас – Ирина Бедард

Ирина е позната по тоа што имала повеќе филмски улоги на Индијанка па затоа од Дизни сакале нејзиниот лик да биде претставен преку Покахонтас. Ирина му дала на ликот моќно и емотивно присуство.

3. Бел, Убавицата и ѕверот – Вивиен Ли

Бел е интелигентен и прекрасен карактер чии главни карактеристики беа инспирирани од многу познати жени и ликови. Џо Марч, ликот на актерката Кетрин Хепберн, ѝ ја дал на Бела нејзината сила и љубов кон книгите и нејзините европски карактеристики на лицето биле земени од актерките Вивиен Ли и Одри Хепберн.

4. Северус Снејп, Хари Потер – Џон Нетлшип

Џон бил професор по хемија и една од неговите ученички била Ј.К. Роулинг. Токму тој го инспирираше ликот на професорот Снејп во книгите на Роулинг. Освен физичката сличност, исто така Ј.К ја претставила и нивната карактерна сличност и страст за предметот.

5. Красти кловнот, Симпсонови – Расти Нејлс

Пред познатиот Красти, постоел кловн Расти. Неговото вистинско име е Џејмс Ален и тој правел забави за деца во областа Портланд. Мет Гронинг, кој пораснал во Портланд, ги искористил спомените од детството на Расти како инспирација за Симпсонови.

6. Алиса, Алиса во земјата на чудата – Алиса Лидел

Алиса во земјата на чудата е меѓу највлијателните книги што некогаш биле напишани. Инспирацијата на Луис Керол за оваа книга била Алиса Лидел, 10-годишно девојче и негова пријателка. Луис ја нашол својата инспирација во Оксфорд, Англија во 1858 година. Тој бил таму со трите ќерки на неговите блиски пријатели, Алиса, Едит и Лорина Лидел. За да ги забавува децата, тој создал мала приказна за девојчето Алиса.

7. Зоро, Маската на Зоро – Хоакин Муриета

Приказната на Зоро се базира на биографијата на Хоакин Муриета. Ова име се користело во филмовите со Антонио Бандерас. Хоакин Муриета е роден околу 1829 година во Ермосило, Мексико. Муриета се соочил со расизамот од бели Американци, што предизвикало да се бунтува против општеството и неговите правила. Муриета станал „народен херој … розева, романтична личност која се заколнала дека ќе ги одмазди злосторствата извршени врз неговото семејство и кој ги извршил многуте злосторства само за да ги исправи многуте неправди против Мексиканците“.

8. Вини Пу – мечето Винипег

Вини-Пу е всушност инспириран од вистинска мечка која живеела во зоолошката градина во Лондон, чие име било Винипег. Мечката живеела во зоолошката градина благодарение на канадски војник и ветеринар по име Хари Колбурн. Вини бил една од најпопуларните животни во зоолошката градина во Лондон. Кристофер Робин бил чест посетител таму, и тој дури и го именувал плишаното мече по Вини. Инспириран од играчката на неговиот син, А. А. Милн напишал приказна и ја објавил на 14 октомври 1926 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено