Дали сте љубопитни за одговорите на некои прашања, но ви е срам да прашате? Можеби ќе ги препознаете во редовите кои следуваат.

 

Дали е ОК да се уринира во океан?

sr01

Две третини од луѓето анкетирани од Proctor & Gamble признаваат дека мокреле во океан/море и дека тоа го сториле повеќе од еднаш. Но ова не се смета за загадување на океанот бидејќи урината се состои од 95 проценит вода и извесен процент на натриумови и хлоридни јони, т.е. – кујнска сол. И двете тие состојки океанот веќе ги содржи во изобилие. Единственото нешто коешто во океанот го нема е уреата. Тоа е јаглеродно соединение со помош на кое телото се ослободува од азот. Но според океанолозите, азотот од уреата со океанската вода прави амонијак, соединение коешто претставува храна за некои видови океански растенија.

Порано сите беа во паника бидејќи според едно истражување, уринирањето во хлориран базен создава отровна хемикалија наречена цијаноген хлорид (слична на солзавец). За да се создаде оваа реакција, соодносот на вода и хлор во базенот би требало да биде 2:1, но во таков случај би требало повеќе да се грижите да не ви се стопи кожата или очите. Така што, иако е сосема безбедно да се уринира во базен, сепак од пристојност би требало да го избегнувате тоа, бидејќи другите не се должни да се брцаат во вашиот жолт облак.

Зошто кафето не тера да одиме по голема нужда?

sr02

Дали ви се случило наутро да сркнете две голтки од омиленото кафе и да почувствувате потреба да одите во тоалетот на малку подолго? По сѐ изгледа, ова им се случува на 50 проценти од кафепијачите, бидејќи кафето ги стимулира мускулните контракции до последното делче на вашето дебело црево. Ако имате нешто во него, кафето ќе го протресе и ќе го спотера по надвор.

Зошто ни се појавуваат брадавици на прстите?

sr03

Сите брадавици се инфекции предизвикан од човечки папиломен вирус (HPV). Има над 100 различни видови на овој вирус, од високо заразниот кој предизвикува генитални брадавици, до помалку заразниот кој предизвикува безопасни брадавици на рацете и прстите. Кога овој досаден вирус ќе го нападне надворешниот слој на кожата, вообичаено преку исеченица или гребнатина, предизвикува брзо растење на надворешниот слој на клетките на надворешниот слој на кожата – тој феномен го нарекуваме брадавици.

Зошто се чувствувам мамурни?

sr04

Краткиот одговор е, бидејќи сте конзумирале преголемо количество на алкохол, но што точно е тоа преку кое нашето тело нѐ казнува толку лошо? Не се работи за едно нешто, туку насобирање на повеќе фактори:

а) алкохолот прави да мокриме повеќе, што предизвикува дехидрација;
б) алкохолот го повишува производството на стомачни киселини а го забавува процесот на празнење на стомакот, поради што се јавува мачнина и повраќање.
в) пиењето често предизвикува проширување на крвните садови, што предизвикува главоболка.

Ако ги соберете сите заедно што добивате? Најлошото утро.

Зошто мажите добиваат утринска ерекција?

sr05

Утринската ерекција всушност е ноќна. Тоа е совршено природна појава која се јавува 3-5 пати ноќе, без разлика на тоа каков сон сонува човекот. Се теоретизира дека телото го предизвикува ова за да ги раздвижи т.н. пештерен сноп (corpus cavernosum), сунѓерестиот дел кој се полни со крв за да се предизвика ерекција. Со овие ноќни вежби се спречува ноќното мокрење и проблемите со ерекцијата.

Зошто ги триеме модринките?

sr06

Модринките се честа појава која се случува со пробивање на крвните садови под кожата. Повредата резултира со воспалување, коешто ги активира рецепторите за болка во мускулите и кожата. Тогаш зошто би пипале болна област? Всушност, се работи за начин на справување со болката. Кога ја триеме болната област, тоа активира други рецептори во кожата, како на пример тие за притисок, допир, топлина итн. Со активирањето на овие рецепции за кратко, тоа ја „удавува“ болката, т.е. се одвраќа вниманието на мозокот со други сензации, па така доживуваме привремено олеснување.

Зошто мокриме в гаќи кога сме уплашени

sr07

Вината е во вашиот мозок. Можеби ќе се изненадите од фактот дека иако потреба за мокрење ја чувстувате во долниот дел од вашето тело, чинот се контролира од вашата глава. Под стресни околности, инхибиторните сигнали во предниот мозок преку кои се спречува несоодветното мокрење кога мочниот меур е полн е премостен од лимбичниот систем, комбинација на мозочни области одговорни за реакцијата „бори се или бегај“. Кога сме вознемирени или исплашени, електричните сигнали од овој систем стануваат толку силни што нашиот мозок не може да ги препознае командите од предниот мозок. Затоа многу луѓе имаат потреба да одат во тоалет пред стресни ситуации како испит или спортски натпревар.

Зошто дланките се потат кога сме нервозни?

sr08

Оваа појава е предизвикана од емоционален стрес или од обид на вашето тело да ја контролира својата температура (терморегулација). Двете се испреплетени, што уште повеќе ги комплицира нештата па така кога сме возбудени или нервозни, тоа ги стимулира потните жлезди на вашето лице, дланки, стапала и под мишките.

Сподели на Facebook
пати видено