Луѓето не можат да му побегнат на Интернетот- сите сме буквално маѓепсани од истиот. Велат дека повеќето луѓе не можат да издржат подолго од 1 минута, без да да ѕирнат што има ново на социјалните мрежи или без да проверат колку допаѓања имаат под нивната нова фотографија на Фејсбук или Инстаграм.

Но, само и на Интернетот може да видиме како кучка посвоила кутриња и станала нивна мајка или како една обична објава за фустан може да усреќи едно аутистично девојче. Дури можеме да прочитаме илјадници позитивни коментари и срцезатоплувачки зборови упатени на маж со ампутирана нога.

Дали сето ова би било возможно без Интернетот, кој денес ги обединува сите луѓе ширум светот?

Во продолжение следуваат 8 приказни кои се чист доказ дека токму Интернетот може да им го разубави и олесни животот на многумина за само неколку часа и минути!

1. Фејсбук „пронајде“ нови кутриња за кучка кои ги изгубила своите малечки

Кучката Дејзи ги изгуби своите 7 кутриња во пожар и поради тоа, падна во тешка депресија. Нејзиниот сопственик ја објавил тажна случка на неговиот Фејсбук профил, а потоа добил порака од сопственик на 7 кутриња, кои останале без нивната мајка. Дејзи и крзнените сирачиња денес се вистинско семејство!

2. Твитер ги прослави крофните на една пекара

Еден маж во Тексас отвори пекара наречена „Крофните на Били“, но никој не ја посетувал истата. За таа цел, синот на сопственикот објави фотографија на Твитер од својот татко со тажно лице, а фотографијата доби над 750.000 допаѓања. Денес некои луѓе дури посебно патуваат до Тексас за да ги пробаат неговиот крофни.

3. Фотографија на Инстаграм реши проблем со кој многу татковци се соочуваат

Млад татко објави фотографија на Инстаграм, при која покажа како ја менува пелената на своето дете, додека се обидува да го држи во скутот, бидејќи немало соодветна маса за пресоблекување на децата. Оваа објава ја инспирираше компанијата Памперс да инсталира 5.000 специјални маси наменети за менување на пелени на децата, во машките тоалети, ширум САД.

4. Објава на Твитер му помогна на аутистично девојче

Елиз од Англија страда од аутизам, кој притоа се манифестира со тоа што девојчето има посебно однесување кон одредени работи. Во една пригода, Елиз го изгубила својот омилен фустан, што ја вознемирило многу. Една објава за тоа на социјалните мрежи придонесе илјадници луѓе да ги обединат своите сили да пронајдат ист таков фустан. На крај, целта беше остварена, беше пронајдет идентичен фустан, а Елиз ја врати насмевката на своето лице.

5. Интернетот претвори обичен таксист во оперски пејач

 

Мензи Многома, таксист од Јужна Африка, пеел додека возел еден од неговите патници. Токму патничката го снимила такстот како пее и го објавила видеото на Фејсбук. За кратко време, Мензи бил поканет да учествува во една аудиција при операта во Кејптаун, а набрзо Мензи се појави и во шоу за таленти во Лос Анџелес, САД.

6. Момче се чувствуваше осамено на неговиот роденден, при што Интернетот одлучи да му помогне

Ниту еден од поканетите гости не беше во можност да присуства на роденденската забава на ова 6-годишно момче од Флорида. Оваа непријатна случка беше објавена на Фејсбук од страна на мајката на момчето, а набруг потоа, 40 странци се појавија со подороци за да му го честитаат и разубават денот на момчето. Меѓу присутните дојдоа и полицајци и пожарникари.

7. Девојка си пронајде момче, без да го знае неговото име, со помош на социјалните мрежи

Савана Кемпбел се запознала со едно момче при една нејзина посета во зоолошката градина, но не го прашала за неговото име, ниту пак за телефонскиот број. Но, Савана била решена да го пронајде мистериозното момче, при што објавила на Фејсбук дека го бара, притоа истакнувајќи дека само го дознала името на кученцето кое го придружувало, Роузи. Интернет корисниците ги здружија своите сили и момчето беше пронајдено, а набрзо потоа парот започна романтична врска.

8. Маж на кој мораше да му се ампутира една ногата, доби поддршка од илјадници луѓе преку Интернетот

Маж на социјалните мрежи ја објави оваа фотографија, а притоа додаде опис: „Мојата нога ќе биде ампутирана за еден час“. Мажот бил голем обожавател на мотори, но при една сообраќајна несреќа сериозно ја повредил едната нога, што многу го вознемирило. По објавувањето на фотографијата, мажот доби поддршка од илјадници луѓе ширум светот, кои поминале низ истото.

Сподели на Facebook
пати видено