Постојат стотици места на земјата што сè уште не сме биле во можност да ги истражиме, особено местата кои се погребани под вода. Научниците и археолозите сѐ уште го бараат изгубениот град Атлантида, кој потонал во морето во еден ден.

Погледнете ги овие историски места кои не дозволуваат водата да ги однесе во заборав, а едно од нив е многу поблиску до вас, отколку што мислите.

1. Селото Епекуен, Буенос Аирес

Неколку километри југозападно од Буенос Аирес, туристичкото село Епекуен повторно се појавува откако поминало повеќе од 50 години под вода. Селото било изградено до соленото езеро „Лаго Епекуен“, но поради промена на климатските услови паѓало многу дожд и селото било целосно поплавено.

По неколку децении времето почнало повторно да се менува со што водата почнала да се повлекува и селото повторно се појавило на површината.

2. Потоси, Венецуела

Ниту една сила во светот не може да се натпреварува со моќта на природата, а во овој случај, феноменот на Ел Нињо предизвикал повторно да се појави цел град кој бил потопен повеќе од 30 години. Потоси бил мал град во Венецуела, кој бил намерно поплавен од страна на локалната власт, со цел да се изгради брана за хидроцентрала во 1985 година.

Околу 30 години подоцна, нивото на водата значително се намалило поради сушата што ја предизвикал феноменот Ел Нињо, предизвикувајќи целиот град повторно да се појави.

3. Џал Махал, Џајпур, Индија

Џал Махал, инаку познат како замок на вода, е дворец лоциран во средината на езерото Маж Сагар во градот Џајпур во Индија. Никој не знае кога е изграден, но ѕидовите покажуваат дека е изграден пред околу 300 години.

Замокот има 5 ката, од кои 4 се потопени под вода. Владата на Раџастан започнала шестгодишен проект за реновирање со најдобрите архитекти во земјата, со цел да ја врати славата на оваа место. Сега е отворен за јавноста и туристите можат да ги посетат балконите и да го истражуваат замокот на патувања со брод.

4. Црква „Св. Никола Летен“, Маврово

Светско а наше. Црквата била изградена во 1850 година. Во 1953 година со изградбата на хидросистемот „Маврово“ и Мавровското Езеро, црквата се нашла под вода. Сепак, денес во периодите на суша црквата „излегува на копно“ и е посетувана од голем број туристи, од земјата и странство.

Во изминатиов период повеќе пати имало иницијатива за преместување на црквата или да остане на истата и да служи за намената. Бил претставен и проект за обнова и адаптација во современ културен центар.

5. Зеленото езеро, Австрија

Ова убаво езеро кое изгледа како надреална фотографија е, всушност, Grüner See, инаку познато како Зелено езеро. Се наоѓа во Австрија и е познато по своите кристално чисти води и смарагадно зелени бои кои ги добива од околната трева и лисја.

Во текот на зимата, езерото станува многу плитко (1-2 метри длабоко) и се појавува прекрасниот национален парк. Тогаш е позната атракција за туристите и камперите. Сепак, во текот на летото, поради топењето на мразот во пролетните месеци, паркот е исполнет со вода, трансформирајќи го паркот во подводен рај.

6. Хуанпинг, Кина

Овие слики ја покажуваат суровата моќ на природата: земјотрес со јачина од 8 степени предизвика целото село да потоне под вода во 2008 година! Селото Хуанпинг стана град на духови по ужасниот инцидент кога повеќе од 10 објекти (вклучувајќи куќи, училишта и канцеларии) останаа потопени под вода. Години подоцна, Хуанпинг почна да излегува од водата.

7. Островот желка, реката Муодаокси

Секоја година за време на пролетта, илјадници туристи го посетуваат резервоарот Горгес за да го видат прекрасниот остров во форма на желка, кој повторно се појавува од водите на реката Муодаокси. Ова се случува затоа што водите на реката Муодаокси се контролирани од страна на браната.

8. Храмот на Сантијаго

Храмот на Сантијаго во колонијалниот стил почна да се појавува од длабоките води на мексиканската река, Чиапас во 2010 година! Црквата првично била изградена од монаси во средината на 16-тиот век, но потонала под вода во 1966 година кога резервоарот Незауалкојотл бил поплавен во 1966 година.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено