Шест метри под морската површина растат плодови како јагоди, марула и босилек, во биосфера во форма на балон. Кога Серџо Гамберини патувал во Италија на летен одмор, му дошла „луда“ идеја да расте растенија под морето. Откако се јавил на неколку места, веднаш почнал да експериментира, потопувајќи проѕирни биосфери под океанот и исполнувајќи ги со воздух. Тоа што започнало со инспирација се развило во првите подводни стакленици, коишто се наоѓаат шест метри под морето и се прицврстени на морското дно на брегот на Ноли, Италија. Проектот е наречен „Градината на Немо“.

Во стаклениците се одржува постојана температура од 26°C и 83% влажност, а обликот на биосферите овозможува водата постојано да испарува. Нуркачката компанија на Гамберини управува со вкупно петте биосфери. До сега успеале успешно да одгледуваат растенија како босилек, марула, јагоди и грав. Следуваат планови за одгледување печурки, коишто ветуваат успех во влажната средина.

Овие биосфери можат да се изградат и одржуваат без ни најмалку да ѝ штетат на околината. Токму спротивното, уникатните форми привлекуваат секаков вид на морски свет. Октоподите имаат обичај да се засолнуваат под структурите, а морските коњчиња се собираат под нив за да ги одгледуваат своите млади.

gh01 gh02 gh03 gh04 gh05 gh06 gh07 gh08

Сподели на Facebook
пати видено