Улицата е идеално место за грабеж: има многу бучава и потенцијалната жртва лесно се расејува. Затоа, многу методи на улични измамници се базираат на ефектот на изненадување. И понекогаш тие се подготвени да одиграат цела претстава пред вас за да ги земат вашите пари.

Изгубен паричник

Честа шема. Одите по улицата и наоѓате паричник полн со пари, а во исто време до вас се појавува друг човек, кој ве убедува да ги поделите парите. Откако му давате половина од „никаде“ се појавува „сопственикот“ на паричникот кој бара да му ја надоместите целата сума. Се разбира човекот кој бара половина од парите и сопственикот на паричникот соработуваат.

Скршен телефон

Одите по улицата и одеднаш од зад аголот се појавува човек. Се разбира удирате во него, а потоа тој ви покажува телефон и вели дека вие сте му го скршиле и треба да му го платите. Оваа измама најчесто се прави на луѓе кои изгледаат расејано додека одат или пак брзаат некаде.

Телефон како залог

Некои измамници сѐ уште користат таква шема: тие бараат телефон за да се јават, и за да покажат добри намери го оставаат нивниот телефон како депозит. Потоа се оддалечуваат од жртвата, бидејќи „имаат лош сигнал“ и заминуваат со телефонот на жртвата, во чии раце останува пластична играчка, слична на вистински телефон.

Масло на паркингот

Доаѓате во супермаркет со автомобил и го оставате на паркингот. Потоа се враќате со намирниците и забележувате дамка од нафта, која изгледа како да доаѓа од вашиот автомобил. Во овов случај луѓето најчесто ги оставаат намирниците и паричникот во автомобилот и ја отвараат хаубата за да видат во што е проблемот. Во тој момент крадецот влегува во автомобилот и го зема паричникот.

Невнимание на банкомат

Пред банкоматот некоја личност случајно ве расипува со кафе, сладолед, сок или слично. Се понудува да ви помогне да се исчистите. Кога се замине ќе сфатите дека ви ја земал картичката или целиот паричник.

Здраво, долго време не сме се виделе!

Одите по улица и непознат човек ви приоѓа и ве гушка велејќи дека одамна не сте се виделе, потоа се извинува и вели дека се препознал. Голема е веројатноста потоа да го нема вашиот паричник.

Имате ли ситно?

Човек ве сретнува на улица и ве замолува да му раситните пари, вие без проблем го правите тоа, а потоа забележувате дека парите се скинати или пак лажни.

Жена со дете во рацете

Жена доаѓа до вас на улица и во рацете ви става бебе (најчесто кукла). Додека да сфатите за што станува збор нејзините соучесници веќе ви го земале паричникот.

Сподели на Facebook
пати видено