Секогаш можете да посетите туристички град, да шетате низ музеи да посетувате изложби или да лежите на плажа. Таков одмор е класичен, но не е незаборавен. Доколку сакате мистерии и мрачни тајни посетете ги овие места.

1. Град на духови- Боди

Боди е мала населба во јужна Калифорнија. Кога во 1876 година биле откриени големи количини на злато, градот почнал брзо да расте. Рудари, арамии, гангстери и проститутки почнале да се собираат овде. Градот изгледал како типичен каубојски град: грабежи, убиства, измами, насилство.

Откако резервите на злато пресушиле градот почнал да се празни. И во 1962 година ова место било прогласено за историски парк и туристичко место. Овде можете да ги видите зградите од XIX век, правливиот мебел, напуштените работи и да слушате приказни за локалните злосторства.

2. Пабот „Џон Сноу“

Пабот се наоѓа во Лондон на Брод-Стрит, каде што во 1854 година се појавила колера, што резултирало со смрт на 500 лица. Тоа се случило поради контаминирана пумпа за вода во близина на пабот.

Д-р Џон Сноу бил човекот кој ја открил заразата. Тој лично ја уништил рачката на пумпата за вода и на тој начин спасил откорната рачка сè уште стои таму, а самиот паб е преименуван по лекарот.

3. Пештерите Гомантонг

На планината Гомантонг постои премин кој води до пештери кои се нарекуваат „хорор пештери“. Илјадници лилјаци се гнездат на влажните тавани, ѕидовите и подот се покриени со лебарки, бубачки, стаорци и змии. Овде има густ мирис на амонијак, а депозитите на отпадот од овие суштества достигнуваат длабочина од неколку метри. Затоа, пештерите се опремени со мостови низ кои можете да прошетате за да го истражите ова место.

4. Музеј со мумии во Гуанахуато

Мумиите од Гуанахуато се колекција од 111 природно мумифицирани тела погребани во мексиканскиот град Гунахуато. Телата биле ексхумирани од 1833 до 1958 година, кога во сила бил закон кој ги обврзувал роднините на починатиот да плаќаат данок за остатоците од нивните роднини да бидат на гробиштата. Кога роднините престанале да плаќаат, ги ископувале телата на починатите. Почвата и воздухот на оваа место се премногу суви, па така природно ги мумифицираат остатоците.

5. Психијатриска клиника Трентон

Клиниката Трентон била основана во 1848 година, и била првата јавна болница во Њу Џерси (САД). Но, во 1907 година, д-р Хенри Котон (лево) станал директор на клиниката. Потоа почнал целиот ужас.

Котон верувал дека менталните абнормалности се предизвикани од инфекции и можат да се решат со отстранување на заразени делови од телото. Како резултат на тоа, тој извршил стотици операции на пациенти. Сепак, тој тврдел дека неговиот метод е успешен во 85% од случаите, но во реалноста повеќето пациенти едноставно умирале. Напуштената болница може да се посети денес, сепак, со оглед на нејзината историја, малку луѓе се осмелуваат да одат таму.

6. Музеј Вролик

Музејот Вролик на Универзитетот во Амстердам е збирка од 10 илјади анатомски аномални примероци на луѓе и животни кои имаат посебна научна вредност. Пред 200 години музејот бил приватна збирка на професорот Герардас Вролик (1755-1859) и неговиот син Вилијам Вролик (1801-1863).

7. Паркот на скулптури во Парикала

Ова е едно од најчудните и привлечни места во Финска. Одење низ овој парк е како да патувате до потсвеста на лудак. Но Вејо Ронкјонен, кој го создал овој парк, не бил лудак, туку признат уметник, кој 41 година го создавал ова место. Тој изработил 450 бетонски скулптури од луѓе и животни и ги ставил во својата градина.

Скулптурите изгледаат многу морничаво, но во исто време се фасцинантни. Тие се поделени по групи по тема и го одразуваат патот на самиот уметник. Спомени од детството, фрагменти од модерната реалност, средби со луѓе и фантазии – сето ова може да се види во овој неверојатен парк.

8. Крокодилски премин

Преминот Кахилс во Австралија е еден од најопасните премини во светот. Повеќе од 120 крокодили живеат на мал полу-воден дел на патот, и тие само го чекаат моментот кога некој ќе влезе во водата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено