Во детективските романи скоро секогаш главниот негативец се открива од страна на брилијантните детективи, но за жал во реланиот живот не е секогаш така и работите не се толку едноставни.

Денес, технологијата им помага на детективите да го направат невозможното, но сепак постојат мистерии од кои ги лазат морници по кожата. Исчезнувањата на овие луѓе останале мистерии и покрај големиот труд кој го вложиле искусните детективи и полицијата.

Чудното исчезнување на Зеб Квин

Во почетокот на 2000 година, 18-годишниот Зеб шетал со својот пријател и добил порака на телефонот која предизвикала да се јави на некој број од говорница. Потоа набрзина влегол во автомобил и се упатил во непознат правец. 2 недели подоцна, неговиот автомобил бил пронајден со многу необични работи во него. Меѓу нив имало и 3-месечно кученце лабрадор, а на прозорците со кармин биле нацртани извичници.

Сепак не била пронајдена ниту една трага за Зеб и тој бил прогласен за мртов. Неговиот пријател бил обвинуван за убиствотот, но ништо не било докажано. Кученцето било вдомено од страна на еден од полицајците.

Што се случило со Брендон Свенсон?

Во 2008 година, 19-годишниот студент Брендон имал мала сообраќајна несреќа. Тој им се јавил на родителите и побарал од нив да дојдат да го соберат. Сепак, родителите не го нашле Брендон на местото на настанот. Тие му се јавиле и во рок од 45 минути се обидувале да дознаат каде е. Тој им кажал дека ги гледа светлата на градот и дека оди во тој правец. Одеднаш тој извикал: „О мој Боже!“, По што повикот бил прекинат.

Повеќе никој не слушнал ништо за Брендон, подоцна се докажало дека тој бил на 20 милји подалеку отколку што мислел. Во исто време, неговиот телефон работел уште 2 дена, но никој не одговорил на повиците.

Мистериозната смрт на Џонатан Луна

Џонатан бил среќен семеен човек, имал добра работа и никогаш не правел ништо непромислено. Но, една ноќ го снемало. Како што се испоставило тој таа ноќ направил многу необјасниви нешта: Со многу слаб вид седнал зад воланот без неговите очила и ги поминал границите на две држави. Неговото тело било пронајдено следниот ден.

Полицијата не можела да го одреди мотивот, да го пронајде убиецот и да одговори на прашањата, како и зошто скоро слеп човек возел околу 300 км ноќе, оставајќи ги очилата во канцеларијата на бирото.

Што се случило со Џими Хофа?

Во 1975 година, поранешниот лидер на синдикатот Џими Хофа исчезнал во Мичиген, САД. Пред неговото исчезнување, ѝ се јавил на својата сопруга и ѝ рекол дека бил измамен. Тој ден требал да се сретне со двајца мафијаши, кои подоцна тврделе дека биле далеку од тоа место и не се сретнале со Џими.

Полицијата верува дека тој починал, но овој факт останува непроверен. Околу исчезнувањето на овој човек, според гласините, поврзани со организираниот криминал, постојано се појавуваат нови теории кои се секогаш побиени.

Каде е малиот Гарнел Монро?

7-годишниот Ганел Монро живеел со својата тетка Белинда Кеш. Таа ретко се гледала со други роднини и водела многу затворен животен стил. Неколку пати роднините се обидувале да ги видат Белинда и Ганел, но тетката одбивала да го стори тоа цело време, давајќи различни причини. Последен пат момчето било видено во 2002 година.

Во 2006 година, полицијата конечно интервенирала и ја испрашувала Белинда која тврдела дека го однела детето во сиропиталиште. Меѓутоа, социјалните служби немале информации за детето. Полицијата верува дека е жив, но никој не можеше да одговори на прашањето, каде е Гарнел.

Дали е можно да се исчезне и да не се остават траги?

Во 2004 година студентката Маура Мареј пратила мејл до раководството на факултетот дека починал нејзин близок родинина и дека ќе треба да замине на една недела. Возејќи по рурален пат, Маура изгубила контрола и влетала во снег со автомобилот. Возач на автобус застанал и ѝ понудил помош но таа му кажала дека повикала влечна служба и дека е добро. Возачот заминал, но сепак повикал полиција.

Кога полицијата пристигнала ја немало ниту девојката, ниту нејзиниот автомобил. Подоцна се покажало дека Маура не повикала влечна служба ниту пак имала смртен случај во семејството, а самата девојка неодамна имала ментала криза. Еден ден по исчезнувањето на девојката нејзиното момче добило гласовна порака каде што таа плачела. Никој не слушнал ништо повеќе за Маура.

Исчезнатиот Кајл Флешман

Во 2007 година, 24-годишниот Кајл Флешман славел со своите пријатели во бар. Откако неговите пријатели решиле да заминат тој решил да остане и испил малку повеќе. Околу 03:00, купил неколку парчиња пица, а потоа три пати се обидел да ја повика канцеларијата на неговиот татко и двајца негови пријатели. Во 04:00 неговиот телефон се исклучил, а Кајл исчезнал. Тој бил баран од полицијата и од волонтери, но ниту една трага не била пронајдена за Кајл.

Исчезнувањето на малата Кристи

Малата Марџори Луна, подобро позната како Кристи, во 1984 година исчезнала во сред бел ден во Флорида, САД. Таа влегла во продавница неколку стотина метри од нејзиниот дом за да купи храна за мачка. Ова е последното место каде што била видена. Истрагата разгледа неколку верзии на инцидентот и биле поднесени обвиненија. Сепак ниту едно од нив не било докажано.

Ако Кристи е сѐ уште жива, сега има 42 години. Но, досега никој не знае што се случило со неа.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено