Понекогаш е тешко да се биде различен, особено ако сте 8-годишно дете кое ги обожава инсектите и ги носи во училиште секој ден за да им ги покаже на пријателите. Љубовта на Софија Спенсер кон инсектите не била разбрана од нејзините соученици, додека група професионални ентомолози ја поддржале. Во моментов, малата Софија е горда ко-авторка на публикација во научно списание.

Сето тоа започнало кога мајката на Софија, Никол се обратила во ентомошкото друштво на Канада за помош. Таа ги прашала за совети кои ќе помогнат да го негува интересот на нејзиното дете за инсекти и покрај навредите што ги добива од соучениците во училиштето.

„Таа често пати е навредувана од учениците бидејќи гордо ги носи инсектите на нејзиното рамо. Се прашував дали професионалниот ентомолог би можел да има телефонски разговор со ќерка ми за да ја поттикне љубовта кон инсектите и да објасни како би можела да го претвори нејзиното хоби во кариера.“, вели Никол.

Откако ентомолозите од Entomological Society of Canada го објавиле писмото на мајката во социјалните мрежи, со малата Софија се поврзале многу научници кои ја понудиле на детето својата поддршка. Тие ја снабдиле со материјали и учебници. Повеќе од 1 милион луѓе ја прочитале пораката на канадските ентомолози и биле подготвени да му помогнат на девојчето.

Еден од нив е Морган Џексон, лицето кое го објавило писмото на социјалните мрежи. Тој и понудил на малата Софија да стане коавтор во негова научна публикација и таа пишува апсолутно прекрасен материјал. Девојчето ги споделило своите омилени видови на инсекти и ја опишало огромната љубов и зголемениот интерес за нив, покрај исмејувањето на кое е изложена во училиштето. Поддршката која Софија добила, особено од жените ентомолози во светот, навистина го сменила нејзиниот живот.

Покрај тоа, сега таа се стреми да го промени начинот на кој нејзините соученици гледаат на науката и природата, а особено на инсектите. „Се надевам дека другите девојки кои се запзонаени со мојата приказна веќе сакаат да ги проучуваат инсектите“, вели таа. Публикацијата, на кој таа е коавтор, е објавена во „Annals of the Entomological Society of America“.

Сподели на Facebook
пати видено