8-годишниот Калум Дру оваа година чистел автомобили за да може да им приреди изненадување на своите соученички. Но, ова не е невообичаено за малиот Калум, тој веќе неколку години наназад работел во цвеќарницата на неговата баба за да си ги „заработи“ подароците.

Сепак откако неговата баба починала минатата година тој пронашол друго решение. Додека најголем дел од децата своите пари ги трошат на слатки и играчки, Калум направил нешто многу несебично.

На Денот на вљубените, на сите свои соученички и на секое девојче во 4-то одделение им подарил по една роза. Тој сакал секое девојче да добие подарок за 14-ти февруари за да не се чувствува осамено.

„Јас го правам тоа веќе четири години. Девојките скокаат врз мене и врескаат затоа што се среќни.“, вели момчето. Најголемиот подарок на Калум е резервиран за неговата „девојка“, за која Калум вели дека не ја вознемирува тоа што им дава подароци и на другите девојки. „Имам девојка. Сè уште не ѝ кажав, но таа знае за тоа, бидејќи тоа го правам секоја година. Таа е среќна поради тоа.“, додава Калум.

Неговата мајка вели дека е многу горда на нејзиниот син кој чистел автомобили од 9 наутро до 4 попладне и додава дека едвај успевала да го натера да влезе дома.

Сподели на Facebook
пати видено