Свештеник се оженил со машки модел, кој е 54 години помлад од него. Сега тој останал без покрив над главата и без љубовник, бидејќи сопругот го напуштил неколку дена откако свештеникот му подарил стан. 79-годишниот Филип Клементс, кој е свештеник во пензија се оженил со 24-годишниот Флорин Марин. Тие се запознале преку интернет, а Филип го продал својот дом во Сендвич, Кент, за да му купи стан од 100.000 евра на Флорин, во Романија.
Само неколку дена откако г-дин Клемент му ги предал клучевите од новиот стан во Букурешт на г-дин Марин, двојката имала расправија и се разделиле. Филип се вратил во Велика Британија со празни раце и сега мора да се потпре на пријателите за покрив над главата. Парот се венчал во приватна церемонија во април оваа година.
Свештеникот изјавил дека откако се преселил во Романија брачната идила почнала да се распаѓа, а тој немал пријатели во таа земја и не го зборувал јазикот. Тие најчесто се расправале за „ноќниот живот“ на Флорин. Флорив му велел на Филип дека „тоа не е за стари луѓе.“
Филип изјавил: „Флорин поминуваше многу време по забави, некогаш се враќаше и во 5 наутро. Тој велеше дека јас не можам да одам на забави. Дека тоа не е за стари луѓе. Во моето срце не прифатив, но му верував.“
Филип го купил станот на свое име, но бидејќи има скоро 80 години сакал да му обезбеди сигурна иднина на Флорин и затоа му го препишал станот. По само неколку дека тие се разделиле и Флорин го испратил Филип на аеродром.
Правилата на Црквата на Англија наведуваат дека свештенството не може да влезе во истополови бракови. Граѓанското партнерство е дозволено, но мора да остане во целибат.
Свештеникот вели дека сега живее кај пријатели и жали зошто ја продал куќата, но исто така се надева дека повторно ќе биде заедно со Флорин. „Тој не го прави тоа за пари, бидејќи не ми останаа многу пари. Ние двајцата предложивме еден ден да имаме стан во град – Довер или Кентербери. Не сакам развод и тој вели дека не сака некој друг. Го замолив да ми каже кога ќе најде некој друг и јас ќе го разберам.“, вели Филип.







