78-годишниот Ричард Озборн е уапсен за убиство откако се борел со вооружени крадци кои влегле во неговиот дом и едниот од нив го ранил со нож во кујната, по што крадецот починал.

Пензионерот го разбудила вревата додека тој и неговата сопруга спиеле во нивната спална соба во предградие на Лондон.

Тој се симнал на првиот кат за да провери што се случува, а еден од крадците го однел во кујната и почнал да му прети со шрафцигер. Тогаш настанала тепачка и Ричард го избол 38-годишниот крадец со шрафцигерот во градите. Тој починал во нивниот двор.

Полицијата првин го уапсила за нанесување на тешки телесни повреди, а сега го уапсиле и за убиство. Неговите соседи и пријатели сметаат дека Ричард имал право да го брани својот дом и животот.

Соседите околу 1 часот по полноќ забележале како непознат маж се обидува да внесе друг маж во бело комбе и му велел „ајде влегувај во комбето“, а откако не успеал во тоа го оставил во дворот и си заминал. Полицијата сѐ уште трага по вториот крадец. Според очевидците, починатиот крадец бил белец, а вториот крадец бил црнец.

Кога се упатиле да проверат што се случило крадецот веќе бил мртов и соседите веднаш повикале полиција. Старецот го опишуваат како „добар човек“ кој води мирен живот и оди да пазари секоја недела. Квартот каде што се случило убиството е прилично мирен и поголем дел од жителите се повозрасни луѓе. Полицијата сѐ уште не дава детали за случајот.

Сподели на Facebook
пати видено