Рон Мекартни од Голд Коуст, Австралија минатата недела бил на пат кон болницата за да му се укаже палијативна нега, откако било утврдено дека нема да успее да го преброди ракот на простата. 72-годишниот маж тогаш упатил чудна молба до болничарите, кои не сакале да го разочараат човекот кој бил на смртна постела и му ја исполниле последната желба.

Рон не можел да јаде многу работи поради тешката фаза од болеста, но имал желба за последен пат да го проба неговото омилено јадење. Тој ги замолил болничарите дали можат да поминат до Мекдоналдс за да му купат сладолед со прелив од карамела.

Болничарите знаеле дека Рон не јадел веќе два дена и дека исполнувањето на оваа желба ќе го усреќи, решиле да одат до ресторанот за брза храна и да ја исполнат последната скромна желба на Рон.

Мекартни починал оваа сабота, а неговата сопруга изјавила дека најверојатно во Мекдоналдс се зголемила продажбата на сладолед со прелив од карамела, затоа што сите роднини и пријатели на Рон биле во Мекдоналдс за да го порачаат сладоледот во чест на Рон.

Сподели на Facebook
пати видено