70-годишната Марија де ла Луз која тврди дека е бремена шест месеци со своето осмо дете, ќе стане најстарата жена која се породила, доколку нејзиното тврдење се покаже како точно.

Марија им покажала на новинарите ултразвук и тврди дека е во шестиот месец од бременоста и носи девојче.

„Тие ми кажа дека е девојче. Гледај, можеш да го видиш нејзиното мало лице.“, изјавила таа во нејзиниот дом во Мазатлан, град во мексиканската држава Синалоа.

Де ла Луз, која не открила никакви детали за бременоста, вклучувајќи дали имала инвитро или други слични процедури, рекла дека првпат се посомневала дека била бремена пред три месеци.

„Нозете ме болеа и повраќав и имав вртоглавица. Сега тие направија околу 10 ултразвуци во приватна клиника и во државната клиника. Лекарите не можеа да поверуваат.“, вели таа. Ако се роди детето, Де ла Луз ќе биде четири години постара од актуелниот рекордер Марија дел Кармен Бусада де Лара.

Во моментов најстарата потврдена родилка во светот е Бусада де Лара, која имала 66 години и 358 дена, кога во декември 2006 година родила близнаци, Кристијан и Пау. Омкари Панвар од индиската држава Утар Прадеш, родила близнаци во 2008 година, но нејзиното тврдење дека има 70 години не било докажано.

Сподели на Facebook
пати видено