Џузепе Џордано е 70-годишен пензионер кој живее во градот Гаета, Италија. Тој бил во брак со неговата вистинска љубов, Ида, која за жал починала пред седум години. Џордано стана познат на социјалните мрежи откако пред еден месец сопственик на ресторан, Џорџо Мофа, објавил фотографија од него и неговиот секојдневен „ритуал“ со кој може да се види колку многу ја сакал Ида. Сега Џузепе ја раскажува нивната приказна.

Сопственикот на ресторанот забележал дека Џузепе доаѓа секој ден на плажата и секој ден со него носи фотографија од неговата сопруга. „Ја носам фотографијата на Ида, бидејќи на тој начин ја чувствувам во мојот живот и не се чувствувам толку осамен. Секој ден сакам да одам до морето, бидејќи ми ги враќа сите мои спомени. Многу сум изненаден од љубовта и восхитот на луѓето на интернет откако ја слушнаа мојата приказна.“, вели Џузепе.

Пензионерот додава: „Едноставните нешта се вистинските работи и оние кои траат долго. Не сакав да инспирирам никого, едноставно не сакав да останам сам. Мојата сопруга беше сè за мене. Помладите генерации не ја задржуваат љубовта како што правиме ние. Јас припаѓам на една генерација каде што љубовта и чувствата значеа сѐ.“

Г-дин Џордано се запознал со Ида кога имал само 15 години преку заеднички пријател. Се вљубиле и предизвикале скандалот во нивниот роден град, кога нивното прво дете Марио се родило во 1968 година – пред да се венчаат. Сепак, свадбата се случила една година подоцна, во 1969 година, а двојката имала уште две деца додека живеела во Милано, а потоа во Рим, каде што Џордано работел како радиоинженер.

За жал на Ида ѝ бил дијагностициран рак во 2010 година и починала една година подоцна. Џордано ја посетува плажата затоа што таму одел скоро секој ден со сопругата со која бил скоро 50 години во брак.

Тој ја носи фотографијата на Ида со него на плажата секое утро, пред да оди на ручек со својот син. Џордано вели дека на овој начин ја „задржува Ида во неговиот живот“.

Џорџо Мофа кој го фотографирал пензионерот вели: „Кога го видов, јас бев сигурен дека има голема љубовна приказна. Мажите како него повеќе не постојат. Јас апсолутно ја разбрав неговата болка и бев многу тажен за него. Јас ги изгубив моите двајца помали браќа и 5-месечниот син, така што знаев низ што поминува. Значи секој од нас ги има овие моменти на тага, но Џузепе имаше голема храброст и достоинство да го покаже тоа.“

Сподели на Facebook
пати видено