Секој од овие луѓе оставил некој белег: еден – извонредна книга, друг – одлични уметнички дела, трет – музиката за која многу генерации ја слушаат, за четвртиот се зборува како херој на нашето време, кој успеа да го пренесе духот на цела една генерација во неговите филмски слики.

Но, тие самите се чини како да исчезнале од површината на Земјата, а тајната за смртта на повеќето херои од нашата статија сè уште не е решена.

Антоан де Сент Егзипери

Авторот на Малиот принц и Планетата на луѓето бил професионален пилот. За време на Втората светска војна, Егзипери како пилот на француските воздухопловни сили летал, изведувајќи мисии за воздушна извидување. 31 јули 1944 година заминал на лет и не се вратил – неговиот авион исчезнал од радарот, а писателот бил прогласен како исчезнат. Биле изнесени различни хипотези – од самоубиство (Егзипери страдал од депресија) до пад на авион поради техничка дефект, па дури и дезертерство.

Во март 2008 година, ветеран од Луфтвафе, 86-годишен германски пилот Хорст Риперт, признал дека токму тој го соборил Антоан де Сен Егзипери. Но ова е малку веројатно затоа што никој не бил известен за тоа, а ако соборел толку голем авион ќе се „пофалел“.

Глен Милер

Друга мистериозна приказна поврзана со авион, се случила и за време на Втората светска војна. Само овој пат, нејзиниот херој, американски џез музичар, тромбонист Глен Милер, не бил пилот, туку патник. Изведувачот на познати џез-композиции, како капитен на американската армија, во декември 1944 година ја добил задачата да замине со оркестарот во Франција. Музичарот летал одделно од својот оркестар во мал авион. И целосно исчезнал преку англискиот канал.

Тогаш почнале да се нижат теории на заговор. Најневеројатната од нив е дека советскиот политичар и генерален секретар на Централниот комитет Јуриј Андропов – е всушност Глен Милер, кој ја преживеал авионската несреќа, по која го собрала советска подморница.

Харолд Холт

Холт бил 17-ти премиер на Австралија. Во декември 1967 година, тој одмарал во друштво на пријатели на океанскиот брег. И покрај силниот ветер и брановите, политичарот сакал да плива. На 59 години, тој бил одличен пливач и нуркач, бил љубител на пливање со маска и копје. Заедно со политичарот, еден од неговите пријатели влегол во вода, но поради силните бранови не се осмелил да плива, а Холт пливал. Наскоро огромен бран го зафатил – и тој исчезнал засекогаш.

Веднаш дошла полиција, војска, морнарицата, нуркачи и хеликоптери да го бараат премиерот. Но неговото тело не било пронајдено. Тоа била најголемата операција за пребарување во Австралија во историјата. Теориите на заговор се движеле од непријателски шпиуни до тоа дека премиерот се вљубил и ја лажирал смртта за да избега со љубовницата.

Раул Валенберг

Раул Валенберг е шведски дипломат кој спаси животи на десетици илјади Евреи за време на Втората светска војна, а потоа исчезна без трага во занданите на советските логори. Во јули 1944 година, тој беше испратен како дипломатски претставник на Шведска во главниот град на Унгарија, Будимпешта. Таму, им издаде шведски „заштитни пасоши“ на Евреите.

Останува мистерија зошто, откако влегол во Црвената армија во Будимпешта, дипломатот бил приведен во притвор. На барањата од шведската страна кон СССР, тие одговориле дека не знаат ништо за тоа каде се наоѓа Валенберг. Во февруари 1957 година, советската страна официјално призна дека Раул Валенберг бил уапсен и одведен во Москва, каде што починал од срцев удар на 17 јули 1947 година. Сепак, историчарите го доведуваат во прашање овој датум. Сè уште не е познато каде, кога и во какви околности починал дипломатот, дали станува збор за природна смрт или тој бил убиен.

Сергеј Бодров – помлад

Рускиот актер и филмски режисер, кој по снимањето во филмовите „Брат“ и „Брат-2“ беше наречен херој на нашето време, почина трагично во Северна Осетија. На 20.09.2002 година огромно парче лед падна од планина врз глечерот Колка, по што глечерот се спушти, покривајќи ја Клисурата Кармадон со 60-метарски слој мраз, камења и кал.

Во тоа време, во клисурата се одвивало снимањето на филмот „Гласникот“, во режија на Сергеј Бодров. Ниту еден од екипажот не успеал да избега. Телото на Сергеј и на уште 100 луѓе сѐ уште не се пронајдени.

Роалд Амундсен

Амундсен е познат норвешки поларен истражувач. Во мај 1928 година, тој и неговите колеги отишле за да ја спасат експедицијата во неволја. За два и пол часа летот на Амундсен поминал нормално. Тогаш врската одеднаш се прекинала, и никој друг не го видел познатиот поларен истражувач.

Бродовите и авионите на неколку европски сили го истражувале Барентското Море во областа на наводната несреќа. Но никој не пронашол ништо што би можело да асоцира каде завршиле Роалд и неговиот тим. Во 2009 година повторно имало пребарување по остатоците, но повторно безуспешно.

Караваџо

Големиот сликар Караваџо (на сликата десно), кој живеел на крајот од 16 – 17 век, исчезнал без трага на возраст од 38 години. Уметникот бил познат по својот насилен карактер, повеќе пати учествувал во тепачки, па дури и во 1606 година убил еден млад човек, поради што бил осуден на смрт и избегал од Рим. Во летото 1610 година, Караваџо ја примил веста дека му се гарантира прошка во Рим и отплови од Неапол, каде што бил, кон Вечниот град. Не се знае што се случило следно, но на крајот на јули се појавиле првите извештаи за смртта на уметникот. Наскоро, пријател на Караваџо ги потврдил овие гласини и го објавил датумот на смртта – 17 јули.

Околностите за смртта на уметникот се обвиткани во мистерија – се сугерирало дека неговата смрт е предизвикана од сифилис, маларија или труење со олово, а можеби починал во друга тепачка. Во 2010 година, научниците беа во можност да ги идентификуваат остатоците од Караваџо со споредување на ДНК примероци со генетскиот материјал на современите потомци на сликарот. Студиите на научниците кои направиле радиокарбонска анализа на скелетот укажуваат дека стафилокока била причината за смртта на уметникот. Значи, 400 години подоцна, успеавме да се приближиме кон откривање на мистериите на неговата смрт.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено