„Моето дете го задеваат на училиште. Но, се плашам дека ако интервенирам само ќе ги влошам работите…“ Без разлика колку сакаме да го заштитиме детето од проблеми, постојат ситуации во кои вашето дете мора да научи да ги реши само.

Најдобра помош од родителот ќе биде да го научите како правилно да се справи со таквите потешкотии со цел да се заштити себеси во иднина.

1. Да знае да кажува „не“

Проблем: Соученик бара да препише на тестот. Вашето дете се согласува, а како резултат на тоа наставникот забележува два идентични теста, а со оценка го казнува оној кој што не е виновен.

Решение: Објаснете му на вашето дете дека на овој начин тоа се омаловажува себеси и неговите потрошени напори, затоа што учело и се подготвувало за тестот, а некој едноставно го искористил неговото знаење. За да го научите детето да одбие, советувајте му прво да одговори: „Јас не сум завршил, која ќе решам сѐ ќе ти помогнам.“

2. Научете го како да го возврати ударот без тупаници

Проблем: Соучениците му се потсмеваат на вашето дете – го нарекуваат со погрдни имиња и го задеваат. Детето не сака да оди на училиште, бидејќи за него таму е пекол.

Решение: Во таква ситуација, родителите не треба директно да се мешаат во конфликтот, бидејќи тоа само може да ја влоши состојбата на детето во училницата. Најефективен начин за решавање на проблемот е да му покажете на сторителот дека неговите зборови не ви наштетуваат. Ако детето се смее како одговор на навреди и со своето однесување укажува дека тоа е глупост, тогаш, без да се види очекуваната реакција, децата ќе престанат да го прават тоа.

3. Оценките не се најважната работа

Проблем: Секој пат кога детето ќе добие лоша оценка станува хистерично. Плаче затоа што не можело да добие подобра оценка. Се плаши родителите да не ги видат оценките во дневникот за да не го прекоруваат.

Решение: Се разбира, академското достигнување е важно, но детето не треба да се плаши да се врати дома со слаба оценка во дневникот. Не му викајте или не го карајте. Покажете му на детето дека вашата љубов кон него не зависи од неговите оценки. Кажете му: „во ред е наредниот пат ќе научиш повеќе и ќе добиеш подобра оценка.“ Овој став кон неуспехот ќе му помогне на детето да не се плаши од потешкотии во иднина.

4. Да биде во можност да помогне и да заштити некој што е послаб

Проблем: Детето зборува за тоа како во училиштето му се потсмева на соученик и оваа ситуација е непријатна за него, но тоа се плаши да го заштити послабиот.

Решение: Повеќето деца се плашат да им помогнат на слабите, бидејќи се плашат да бидат на местото на жртвата. Истиот страв нѐ прогонува и кога сме возрасни. Затоа, толку е важно да му се пренесе на детето идејата дека силата лежи во сочувство и способност да се помогне. Доверете му на детето да биде одговорно за неговиот помлад брат/сестра, братучед, па дури и мало маче – така детето ќе научи што е сочувство и добие сила да се соочи со проблемот.

5. Да ужива во тоа што го прави

Проблем: Почна училишната година, секции, спортски активности, курсеви, тутори и домашни задачи. Детето изгледа исцрпено и уморно, и наместо да оди со врсници на свеж воздух повеќе сака да лежи во кревет.

Решение: Бидејќи родителите сакаат нивното дека да постигне многу, го форсираат да прави повеќе работи. Но, тие забораваат дека само работите кои ги правиме со задоволство носат радост и вистински успех. Дозволете му на вашето дете да одвои најмалку еден час секој ден на она што му се допаѓа: компјутерски игри, фудбал или цртање.

6. Спортот треба да е дел од неговиот живот

Проблем: Детето е затворено и под стрес. Тоа претпочита да остане дома во својата соба и да не комуницира со никого.

Решение: Запишете го детето на некој спорт. Се препорачува спорт каде што има тимска работа. Така детето ќе има нови пријатели и хоби, покрај спортот ќе ја развива самодовербата и неговото тело.

7. Да се сака такво, како што е

Проблем: „Маша има многу убава коса, а Кате има очи како хероина од мојот омилен цртан филм. А јас сум грда“, – порано или подоцна, децата почнуваат да се споредуваат со другите, споредби кои потоа можат да прераснат во огромни комплекси.

Решение: Не е важно дали имате син или ќерка, секое дете сака да се чувствува убаво и талентирано. Затоа, фалете го вашето дете, давајте му комплименти за неговиот изглед. Доколку некоја позната личност му е идол покажете му фотографии кои не се обработени со фотошоп, тоа ќе му ја зголеми самодовербата и ќе му покаже дека не се сите совршени.

Сподели на Facebook
пати видено