Современиот начин на живот во кој сѐ повеќе се потпираме на технолиогијата прави времето сѐ повеќе да го минуваме во седечка положба со цел да ја завршиме работата која се бара од нас. Секој чијашто работа е поврзана со компјутер во канцеларија или од дома добро го знае овој факт. Ова е една од главните причини поради кои мораме да посветиме повеќе внимание на нашето телесно здравје коешто директно зависи од физичката активност на нашето тело. Еден од почестите проблеми кои се јавуваат, особено при работата со компјутер, се болките во делниот дел на грбот. За да го спречите ова, пред сѐ трудете се колку што е можно повеќе да седите исправено додека работите. Покрај тоа, секој ден изведувајте ги овие седум едноставни вежби, и ќе се чувствувате многу подобро.
1. Протегање на тетивите во лежечка позиција
Држете 30 секунди двапати за секоја нога.
2. Протегнување на коленото до градите
Ова помага во опуштањето на бутните мускули. Држете двапати по 20 секунди за секоја нога.
3. Протегање на `рбетот
Останете во оваа положба 20 секунди и потоа повторете на другата страна. Оваа вежба можете да ја повторувате колку што сакате, но сепак не претерувајте.
4. Протегање на крушовидниот мускул
Држете 30 секунди и повторете на другата нога.
5. Протегање на колковите
Држете 30 секунди и повторете на другата нога.
6. Протегање на квадрицепсите во лежечка положба
Држете двапати по 30 секунди за секоја нога.
7. Протегање на целиот грб
Држете 30 секудни и потоа обидете се ова:
Држете по 10 секунди за секоја страна.
Предупредување: Доколку чувствувате некаква неудобност или болка, престанете со вежбањето и консултирајте се со вашиот лекар.