Како изгледа кога ќе го достигнете Вашиот потенцијал? За некој тоа е можеби унапредувањето во компанијата во која работат со години, за друг можеби нема никаква врска со работата, туку е поврзан со нематеријалните нешта во животот. Без оглед на тоа како го дефинирате Вашиот потенцијал, најчесто голем дел од нас се критикуваме себеси зошто го немаме затворено јазот помеѓу денешниот ден и „совршениот“ живот. Оваа самокритичност е непотребна бидејќи некои од нас веќе го имаат постигнато својот потенцијал но не се свесни за тоа.

1. Сте престанале да се грижите за тоа што мислат другите за Вас

Една од најголемите пречи за да се постигне потенцијалот е грижата за туѓото мислење. Доколку повеќе не се грижите за тоа „што ќе кажат соседите“ и со фокусирате на себе и своите желби, Вие сте чекор поблиску до остварување на Вашиот потенцијал.

2. Вие го диктирате времето за спиење

Можеби звучи смешно, но колку од нас си го скратуваат сонот само поради обврските на работа? Доколку самите си го диктирате времето за во кревет, тогаш значи дека не сте роб на работата и Вие одлучувате што е најдобро за Вас.

3. Трошите пари на Вас, а не на она што другите го очекуваат од Вас

Само затоа што „поголем дел од луѓето“ мислат дека е логично на Ваша возраст да се поседува автомобил или пак да се оди на вечера неколку пати во неделата не значи дека и Вие треба да го правите тоа. Не значи дека сте себични доколку ги трошите парите на она што го сакате, а не на она што ви го налага општеството.

4. Благодарни сте на минатото

Сите сме имале тешки моменти во животот, кои со задоволство би ги избегнале да можевме. Но знаеме дека минатото не може да се менува. Доколку често се навраќате на болните моменти од минатото и не можете да се помирите со нив, тогаш на тој начин Вие секој ден сте чекор подалеку од Вашиот полн потенцијал.

5. Не се чувствувате лошо кога грешите

Без разлика колку сте интелигентна личност на сите ни се случува да грешиме. Најголемата индикација дека го постигнувате Вашиот потенцијал е доколку не се разочарувате кога ќе направите одредена грешка. Сфаќате дека грешките се случуваат и се обидувате да ја поправите или надминете, без да се обесхрабрувате.

6. Давате комплименти на другите

Како гледате на успехот на другите луѓе? Дали кога ќе видите дека некој успеал во животот сте среќни и му честитате или пак чувствувате љубомора? Доколку сте среќни за успехот на другите тогаш значи дека Вие сте поблиску до исполнување на Вашиот потенцијал, или веќе сте ја завршиле таа трка.

7. Трпението не е проблем

Доколку повеќе не се трудите да не избувнете во дадена ситуација, туку трпението Ви доаѓа природно, тогаш Вие сте ментално зрела личност, која што првин сака да ја истражи ситуацијата а потоа да реагира.

Сподели на Facebook
пати видено