Понекогаш реалниот живот може да биде поимпресивен од некој холивудски блокбастер, а истото важи и за трилерите – сценаристите често наоѓаат инспирација од настаните кои се случиле во реалниот живот.

Кој некогаш бу можел да замисли дека Буба Соер од Тексашки масакр со моторна пила е вистински историски лик?

7. Танацу егзорцизам – Калуѓерката

Вистинскиот настан: Во 2005 година, свештеник во романската православна црква во Танацу во Романија, по име Даниел Петре Корогеану, убил една млада девојка од парохијата. Свештеникот верувал дека жената била обземена од сатаната. Тој и калуѓерките ѝ направиле егзорцизам кој девојката со шизофренија не го преживеала.

Филмот: Дејството се одвива во Романија во 1952 година. Во една заборавена опатија една монахиња исчезнува, а другата се самоубива. Ватикан испраќа свештеник и млада монахиња да го истражат случајот. Но, демонот е разбуден и ги чека долга борба.

6. Мевосек од Геинсвил – Вресок 2

Вистинскиот настан: Серија сурови убиства се случиле во 1990 година во САД. 5 студенти биле убиени во студентски дом во Геинсвил, Флорида. Полицијата не можела долго да го фати убиецот бидејќи бил умен и многу суров. Меѓутоа, една година подоцна, полицијата успеала да го пронајде: непознат келнер по име Даниел Харолд Ролинг.

Филмот: Една млада жена и нејзините соученици стануваат жртви на мистериозен убиец кој носи маска. Убиецот успева да ја избегне полицијата и ги тероризира жртвите.

5. Харизматичен убиец – Кога јагнињата ќе стивнат

Вистинскиот настан: Тед Банди го добил прекарот „шармантен убиец“, бидејќи успевал да ги шармира своите жртви. Тој е еден од најпознатите сериски убијци во САД. Банди ќе се сретнел со жените на јавни места, ќе глумел повреда или ќе се претставел како претставник на владина служба. Тој убил 30 жени.

Филмот: Луд манијак киднапира и убива жени во САД. Еден млад агент на ФБИ по име Кларис Старлинг го испитува случајот. Кога полицијата ќе сфати дека сите злосторства биле извршени од иста личност, побарале помош од затвореникот Ханибал Лектор. Сценаристите создале заеднички портрет на „супер убиец“, кој не можеле да го фатат и бил исклучително суров. Првата сцена на филмот била под влијание на злосторствата на Тед Банди.

4. Ед Геин – Тексашки масакр со моторна пила и Психо

Вистинскиот настан: Куќата на Геин станала место на злосторство за многу ужасни убиства. Откако убиецот бил уапсен, куќата била изгорена до земја: се верува дека локалните жители ја запалиле. Ед Џин не бил затворен врз основа на лудило. Живеел долг живот и умрел во ментална болница од рак.

Филмот: Во трилерот на Алфред Хичкок, Психо, една млада девојка се соочува со мистериозен манијак. Убиецот, како и Ед има тежок однос со неговата мајка: тој убива млади жени, бидејќи глас во главата му вели да го стори тоа. Во Тексашки масакр, манијак живее сам на далечна фарма и го тероризира целото соседство.

3. Повеќекратно нарушување на личноста на Били Милиган – Сплит

Вистинската приказна: Били е најпознат човек со повеќе личнсти. Во неговата глава живееле 24 личности и тие не живееле заедно мирно. Луѓето што биле во главата го приморувале да извршува различни кривични дела на насилство, грабежи и злоупотреба на дрога.

Филмот: 2 девојчиња се киднапирани на паркинг. По некое време девојките се наоѓаат во заклучен простор со човек кој ги запознава со своите различни личности. Криминалецот оди на работа, посетува психијатар и ги подготвува девојките да ја запознаат неговата најстрашна личност, Ѕверот.

2. Берни Тајд – Берни

Вистинската приказна: Берни го знаеле како добро момче од Тексас и тој бил љубезен со сите особено со повозрасните дами, затоа што работел во фирма за погребни услуги. Тој се запознал со богата (и доста стара) вдовица по име Марџори Нуџент за време на погребот на нејзиниот сопруг. Таа имака лоша репутација главно поради нејзиниот лош темперамент. Тие брзо се зближиле и таа дури направила и тестамент во негово име. Но, наскоро Марџори исчезнала. Подоцна се докажало дека Берни ја убил. Тој добил доживотен затвор.

Филмот: Пријателски настроен изработувач на ковчези се спријателува со една постара вдовица. Сепак, поради нејзиниот лош темперамент, се појавуваат некои проблеми и човекот прибегнува кон драстични мерки.

1. Приказната за Полин Паркер и Јулија Халме – Небесни суштества

Вистинската приказна: Девојките Полин Паркер и Јулија Халме се спријателиле во во училиштето за девојчиња во Ноз Зеланд. Во тоа време во 1954 година, блиското пријателство меѓу девојките предизвикало негативна реакција од соседите и нивните родители биле сигурни дека има повеќе од пријателство меѓу девојчињата.

Родителите на Јулија сакале да се преселат во Јужна Африка за да ја прекинат нивната врска. Полин сакала да дојде со неа, но мајка ѝ била против тоа, затоа девојките ја убиле. Бидејќи биле малолетни, тие биле осудени на 5 години затвор. Тие не комуницирале по ослободувањето и ја напуштиле земјата. Јулија станала познат писател на историски детективски романи под псевдонимот, Ана Пери.

Филмот: Прекрасната Јулија се доселува во мал град во Нов Зеланд. Таа се запознава со Полин и девојките стануваат пријателки, а потоа откриваат романтични чувства една за друга. Родителите на девојките се обидуваат да ги разделат, но тие одлучуваат да се одмаздат.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено