Социјалните мрежи имаат предности и недостатоци. Тие ни помагаат да останеме во контакт со далечни роднини, пријатели и познаници. Тие ни даваат можност да го искажеме своето мислење и да пронајдеме нови пријатели.

Од друга страна, за невнимателни и глупави луѓе, социјалните мрежи можат да бидат крајно опасни. Најсмешно е кога луѓето го кршат законот и одлучуваат да се пофалат за тоа. Еве неколку луѓе кои очигледно имале желба да станат „опасни“ криминалци, но нивната глупост не им дозволила.

Украл гориво од полициски автомобил

22-годишниот Мајкл Бејкер од Кентаки ја објавил оваа фотографија од пред полициската станица Џенкинс на Фејсбук. За брзо време фотографијата станала популарна, а Мајкл завршил во затвор.

Се снимал и се фалел со парите заработени од продажба на дрога

Нормално, дилерите на дрога прават сé што е во нивна моќ за да го задржат својот извор на пари во тајност. Но 33-годишниот продавач на хероин и кокаин од Лондон решил да се фали со големо количество пари во Инстаграм. Трговецот бил уапсен и во неговата куќа полицијата пронашла речиси 8 милиони долари во кеш, како и кокаин и хероин во вредност од 85 000 долари.

Со пиво зад воланот

Витни Бил од Флорида го снимила нејзиното патување во Перископ. Таа во видеото споделила дека била „ѓаволски пијана“ и дека не знаела каде се наоѓа. Таа, исто така, признала кршење на правилата и возење со спуштено седиште. Некој од луѓето кои го виделе видеото на социјалните мрежи ја пријавил во полиција.

Фотографирање со украдени пари

18-годишниот Исаија Катлер од Питсбург и неговите неименувани пријатели, на возраст од 14 до 17 години, ограбиле локална продавница. Тие украле пари, бонбони, цигари и патики Џорданки, во вкупна вредност од повеќе од 8.000 долари. Тие би можеле да избегаат успешно ако Катлер не се пофалил со нарите со фотографија на Фејсбук еден час по кражбата. Покрај тоа, сите овие украдени пари и стоки ги збуниле родителите на децата. Еден нивен роднина ги пријавил децата и тие биле пратени во поправен дом.

Ги исмејувал спортистите во фитнес салата

Австралиец објавил фотографии од редовни посетители во фитнес салата со навредливи коментари. Тие ги нашле личните податоци на младиот човек на социјалната мрежа, се јавиле на неговата мајка, а потоа и на менаџерот на фитнес салата. Неговата мајка му го укинала џепарлакот, а менаџерот му го забранил влезот во салата.

Се пофалил дека е пијан зад воланот

Друг пијан возач е 18-годишниот Јаков Кокс-Браун, кој случајно удрил во непознат автомобил. Овој настан го инспирирал да пишува на Фејсбук: „Бев пијан зад воланот … Како и обично. Се извинувам на лицето чијшто автомобил го оштетив. Жал ми е.“ Се покажа дека локалните полицајци користат социјални мрежи. Кокс-Браун бил уапсен и обвинет за две прекршувања одеднаш.

Фрлање на седишта од воз во движење

Неколку студенти од Сиднеј патувале со воз и им било досадно. Затоа решиле да ги искршат седиштата во возот и да ги фрлаат врз возилата на прометниот автопат веднаш до пругата. Но, глупавите Австралијанци цело време се снимале и видеото го прикачиле на Фејсбук. Откако биле пријавени во полиција, пријателите биле осудени на 5 години затвор.

Сподели на Facebook
пати видено