Според некои тажни статистички податоци, повеќе од 4,5 милиони луѓе исчезнале во текот на изминатите 20 години.

Меѓу нив има и познати личности, иако тие секогаш се во центарот на вниманието.

1. Мајкл Рокфелер

Мајкл Рокфелер, син на познатиот милионер Нелсон Рокфелер, бил етнограф и антрополог. Во есента 1961 година, Мајкл отишол на експедиција во Нова Гвинеја со холандскиот етнограф Рене Васинг. Во придружба на 2 водичи, научниците патувале низ местата каде што живееле жителите и ги разменувале предметите што ги имале за предметите на локалното население.

Подоцна, тие имале уникатна колекција, но Мајкл не сакал да застане таму. Научниците се упатиле кај локално племе Асмат со брод. Племето било познато по тоа што јадело луѓе. Во еден момент бродот се превртел и сите освен Мајкл одлучиле да се вратат назад. Мајкл продолжил да плива кон дестинацијата и оттогаш не е виден.

Некои претпоставуваат дека се удавил, некои дека го изеле крокодили или пак човекојадците.

2. Антоан де Сент-Егзипери

Антоан де Сент Егзипери бил познат француски писател, поет и професионален пилот. На 31 јули 1944 година писателот пилотирал француски авион. Пилотот требал да направи аеро снимка во близина на Алпите. Но, авионот никогаш не се вратил на аеродромот и бил прогласен за исчезнат.

Со децении кружела мистерија за исчезнувањето на Антоан. Дури во 1998 година капетан на брод пронашол нараквица со името на писателот и на неговата сопруга на дното на Медитеранското море. Во 2000 година нуркач го пронашол неговиот авион. Но, за целосно да биде разјаснета мистеријата го пронашле и германскиот војник кој го срушил авионот. Човекот изјавил дека тој многу ги сакал книгите на Антоан и да знаел дека тој е во авионот никогаш не би го нападнал.

3. Ричи Едвардс

Ричи Едвардс бил англиски музичар и гитарист на алтернативен рок бенд, Manic Street Preachers, кој бил познат во 90-тите. На 1 февруари 1995 година, бендот требал да лета во САД за промо турнеја и Ричи никогаш не се појавил за летот. Во 7 часот наутро, музичарот ја напуштил својата хотелска соба за да се сретне со остатокот од бендот на аеродромот. Но, тој не дошол. Музичарите почнале да го бараат Ричи, но не успеале да го пронајдат. Луѓе тврделе дека оттогаш го забележале музичарот неколку пати, но и до ден денес не е откриено што се случило со него.

4. Оскар „Зета“ Акоста

Оскар Зета Акоста бил американски адвокат, писател и активист, познат по своето пријателство со Хантер С. Томсон, кој го опишал како негов адвокат во Страв и Омраза во Лас Вегас.

Во 1974 година, адвокатот заминал во Мексико, каде што на крајот исчезнал. Во мај 1974 година, Оскар му се јавил на својот син и му рекол дека ќе се качи на брод полн со бел снег. Имало гласини дека Акоста е жив и се крие во Мајами, но некое време подоцна, неговиот пријател Хантер Томпсон напишал некролог. Според Томсон, Оскар имал проблеми со дрогата. Телото на адвокатот никогаш не било пронајдено.

5. Бисон Деле

Бисон Деле бил познат американски кошаркар. Целиот свој живот, тој се однесувал чудно и ексцентрично. Тој ја завршил својата кариера кога бил во најдобра форма, на возраст од 30 години. Во јуни 2002 година Деле, неговата девојка и неговиот брат заминале на крстарење во Тихиот Океан. Спортистот и неговата девојка последен пат биле видени во Тахити на 8 јули 2002 година. Неговиот брат се вратил неколку недели подоцна.

Во септември, неговиот брат бил уапсен од страна на полицијата. 2 дена пред тоа, јахтата на кошаркарот била пронајдена во близина на Тахити со дупки од куршуми. ФБИ сметале дека братот го убил Бисон и неговата девојка и ги фрлил телата во океанот за да не можат да ги пронајдат. Подоцна, тој извршил самоубиство. По неговата смрт немало нови информации, па истрагата била затворена.

6. Шон Флин

Шон бил единствениот син на холивудскиот актер, Ерол Флин. За разлика од неговиот успешен татко, Шон никогаш не бил добар во киното и бил разочаран од себе. Откако направил 10 филмови, Шон одлучил да стане фоторепортер. Неговите фотографии биле редовно печатени во големите весници.

На 6 април 1970, Флин и неговиот колега патувале низ Камбоџа на велосипеди. На една од блокадите на патот, тие биле спречени од Црвените Кмери (владејачка комунистичка партија). Оттогаш никој не го видел фотографот. Имало гласини дека тој бил виден во Мексико многу години подоцна, но не постои доказ.

7. Кони Конверс

Кони била пејачка и текстописец во 1950-тите. Во 1970 година, пејачката минувала низ тешка професионална криза, што резултирала со тешка депресија. Во август 1974 година, напишала неколку писма до нејзините пријатели и семејство, каде што напишала дека сака да започне нов живот на друго место.

Нејзините роднини мислеле дека ќе замине некаде на одмор, но додека да ги прочитаат писмата таа веќе се спакувала и исчезнала. Сите понатамошни потраги за Кони не донеле резултати.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено