Секоја година голем број на луѓе се губат во дивината. Додека, за жал, многумина не успеваат да се вратат, постојат луѓе кои благодарение на својата тврдокорност и среќа успеале да го преживеаат оваа тешко животно искушение.

Ние ќе ве запознаеме со приказните на 7 храбри луѓе кои и покрај малите шанси за преживување успеале да се спасат од суровите „канџи“ на природата.

12-дневното тешко искушение на Џејми Нејл

19-годишниот од северен Лондон се изгуби во Сините Планини во Австралија за време на денско планинарење во јули 2009 година. Сепак неговата забава за 1 ден се претворила во 12-дневен кошмар. Тој преживеал така што јадел семиња и растенија, а за да се засолни користел кора од дрвја. И покрај спасувачките хеликоптери кои се обидувале да го најдат, поради дрвјата останал скриен. На крајот тој бил пронајден од двајца туристи, кои му помогнале да стигне до болница.

Џулијан Копке преживеала пад од 3 км од небото и 9 дена во дивината

На 24 декември 1971 година, 17-годишната Германка патувала со комерцијален авион со мајка ѝ кога молњата го погодила авионот за време на силна грмотевица и го растурила во воздухот. Џулијан паднала околу 3 километри од земјата во амазонските планини сѐ уште сезаглавена во нејзиното седиште и преживеала со скршена клучна коска, повредена десна рака и десното око отечено. Таа успеала да пронајде мал поток и да се пробие низ водата до колена по течението, како како што нејзиниот татко ја научил, често води кон цивилизација.

Откако била заробена во џунглата цели 9 дена, таа нашла брод закотвен во близина на засолниште. Таа го искористи бензинот од резервоарот за гориво за да ги исчисти заразените рани. Подоцна тој ден дрварите кои го користеле ова засолниште ја пронашле и ѝ ги лекувале раните. Наредниот ден со авион била пренесена на безбедно.

Потрагата на Андреј Гаскел за духовноста се претворила во кошмар во дивината кој траел две недели

Овој 25-годишен австралиски турист се изгубил во Малезија додека пешачел низ националниот парк Гунунг Мулу. Тој намерно одлучил да се држи настрана од високо населените туристички атракции за да може да се поврзе со природата. Тој бил прогласен за исчезнат на 20 октомври 2016 година. Тој бил пронајден од страна на тим за пребарување и спасување по скоро 2 недели во оддалечена област позната како Скриена долина. Кога конечно се качил во авион бил прегладнет, дехидриран, а нозете му биле покриени со пијавици.

Јоси Гинсберг бил пронајден по 3 недели откако кожата почнала да му скапува

Она што започнало како животна авантура во 1981 година за Гинсберг, по завршувањето на неговата служба во израелската морнарица, брзо се претворило во борба за опстанок. Кога се разделил од своите пријатели во дивата амазонска џунгла, без храна и опрема, тој преживеал со јадење бобинки, овошје и јајца од птичји гнезда. Тој рекол дека за време на искушението тој бил речиси изеден жив од ѕверови бил на плен и гигантски црвени мравки, а неговата кожа почнала да скапува. Тој бил пронајден 3 недели откако првпат бил прогласен за исчезнат, и токму во моментот кога спасувачката мисија сакала да се откаже.

Александар Ковалев ја преживеат страшната Сибирска зима и црните мечки цели 2 недели

Колавлев кој работел како ископувач на злато и возач изчезнал во сибирската дивина во 2017 година. Неговото исчезнување било мистерија бидејќи го ставил камионот а во него и неговите очила, без кои не можел да гледа. Подве недели чудесно се појавил на еден автопат и имал имал смрзнатини на нозете и бил префрлен во болница. Тој бил трауматизиран и не се сеќавал како се нашол во дивината, но и како успеал да преживее две недели на толку ниски температури си мечки и волци кои лутаат низ шумата.

Шенон Леа Фрејзер чудесно успеала да остане жива 17 дена во дивината

На 21 септември 2014 година, по расправија со нејзиниот свршеник, 30-годишната Шенон решила да прошета во дивината. Сепак таа се изгубила и не знаела како да се врати назад. Шенон конечно го пронашла патот назад 17 дена подоцна со помош на земјоделец по име Бред Финч кој ѝ помогнал да стигне до болница. Таа имала изгореници од сонце по целото тело и исеченица на ногата. Таа вели дека преживеала така што јадела зрнести плодови, риби и пиела вода од поток.

Еднодневното патување на Меделин Конели тргнало во погрешен правец

На 4-ти мај 2017 година, планирајќи само краток еднодневен поход во дивината на северозападна Монтана, 23-годишната девојка тргнала по патеката без храна и вода, само со нејзиното куче Моги. По неколку часа се изгубила. За да бидат работите полоши освен ниските вечерни температури исто така имало и шумски мечки и планински лавови. Таа била спасена по 6-дневна интензивна потрага.

Сподели на Facebook
пати видено