Најверојатно секој од нас го има оној Фејсбук пријател кој праќа досадни покани за игри или пак постојано објавува депресивни или иритирачки статуси, по што почнувате да ги избегнувате и во реалниот живот. Голем број на луѓето ги гледаат социјалните мрежи како еден вид на „јавен дневник“ и постојано ги „затрупуваат“ своите пријатели со непотребни информации. Еве зошто некои луѓе никој не може да ги поднесе ниту на социјалните мрежи.

Луѓето најмногу ги нервира кога:

1. Постирање на нешто што би сакала да го знае само нивната мајка (па можеби дури ни таа).

Никој не сака да знае како поминал вашиот прв ден во теретана или каков сок пиете. Нема да е крај на светот ако не објавите дека сте јаделе пица.

2. Глумење на мистериозност.

Луѓето на социјалните мрежи ги иритира кога некои луѓе сакаат да остават впечаток дека нешто важно се случило, но го прават тоа преку нејасен, „мистериозен“ коментар, како на пример: „Бев на само еден чекор од остварувањето на мојот сон, но Универзумот рече ‘Не’“.

3. Личните работи ги прават јавни.

Често може да најдете на Фејсбук цели разговори во коментари на фотографии или статуси. Постои добра причина зошто се измислени приватните пораки.

4. Постираат еден куп слични фотографии.

Мислам дека сите сметаме дека таквите луѓе треба да бидат казнети со закон. Цел албум на исто место во исто време и во слични пози, тоа е многу непотребно и досадно.

5. Луѓе кои премногу се фалат.

Сите се фотографираме за да ја покажаме најдобрата страна од нас на социјалните мрежи, но луѓето кои имаат само фотографии од прескапи работи, пропратени со описи за тоа колку „им се убави“ тие работи можат навистина да ги иритираат луѓето.

6. Луѓе кои „тајно“ се фалат.

Сигурно сте прочитале коментар од типот: „Каде можам да го поправам мојот iPhone X? Цената не е важна!“ или девојка која објавила некој сличен ваков статус: „Ох леле ја пробав сета облека во продавницата, очигледно големи гради и тенкиот струк можат да бидат казна. Многу сум уморна!“ Постојат многу луѓе кои глумат „жртви“ а всушност сакале да се пофалат со нешто на социјалните мрежи.

7. Личноста која споделува премногу шеги и цитати.

Еве како функционира интернетот: нови и паметни цитати се шират многу брзо, но ако некој е досаден и споделува по 10 цитати во минута, тогаш најверојатно нема да има многу пријатели на социјалните мрежи.

Идеално, добар пост треба да има позитивна цел: нешто корисно, убаво или смешно. Не ја споделувајте секоја фотографија која што ќе ја направите. Пред да ја објавите размислете дали би ја ставиле во вистински албум, доколку одговорот е не, тогаш не го правете тоа.

Сподели на Facebook
пати видено