Според Википедија, постојат повеќе од 36 легендарни богатства во светот кои сè уште се закопани некаде во земјата, древни храмови, во џунглата или под вода.

Секое богатство има своја историја и секој може да го најде, ако знае каде да бара и каде да копа.

Златото на Монтезума

Вредност на богатството: 10-15 милијарди долари.

Во 1519 година, со главниот град на Ацтеките Теночтитлан владеел Монтезума Втори, кога дошле шпанскиот освојувач Ернан Кортес. Гладни за злато, Шпанците почнаа да ги тероризираат жителите на градот, а самиот владетел бил затворен во зандана.

Трезорот бил полн со злато „само“ 2/3 и Кортес како казна го убил владетелот, по што избувнало востание и бил принуден да го напушти градот. Една година подоцна, кога Кортессе вратил со посилна војска и го заземал градот, богатството во трезорот веќе не било таму. Индијците успеале да ги сокријат во близина, и досега никој не знае точно каде.

Богатството на Лима

Вредност на богатството: 200 милиони долари.

За време на нивното владеење над Империјата на Инките, Шпанците собрале неколку богатства. Повеќето од нив биле чувани во Лима, главниот град на Перу, во кој во 1820 година започнало востание.

Богатството на Лима било пратено преку океан на брод од страна на шпанските окупатори во Перу во 1823 година. Требало да стигне до Мексико, но капетанот на бродот, Вилијам Томпсон, ги убил луѓето кои биле пратени со него од страна на Шпанците за да го чуваат богатството.

Томпсон бил подоцна фатен и донесен до островот Кокос на брегот на Коста Рика, каде рекол дека го закопал богатството. Наместо да го најдат скапоценото злато, властите го изгубиле од пред очи затвореникот кој успеал да побегне. Никој повторно не го видел ниту капетанот, ниту златото.

Тајната на Малајскиот тигар

Вредност на богатството: 40 милијарди долари.

Во средината на Втората светска војна во Јапонија, постоела организација наречена „Златни лилјани“. Нејзината задача била да се соберат злато и вредни артефакти низ Југоисточна Азија со сите средства. И парите требале да одат за финансирање на јапонската армија. Сиот плен одел на тајно место во филипинската џунгла и било чувано во сефот на генералот Јамашита, кого го нарекувале Малајскиот тигар.

Кога војната завршила златото било однесено на 170 тајни локации низ Филипините. Локалните работници и воените заробеници, кои учествувале во криењето на богатството, биле убиени, а наскоро и самиот генерал бил убиен.

Оваа приказна ќе останела убава легенда, ако во 1971 ловецот на богатство, Рожелио Роксас, не нашол една скривница во џунглата во близина на градот Багио. Роксас успеал да земе само еден мал дел од богатството: кутија со златни шипки и статуа на Буда тешка 1.000 кг.

По враќањето, ловецот на богатство бил уапсен и затворен, а вредностите биле конфискувани. Наскоро тој починал, без да открие каде се наоѓа една од легендарните скривници.

Богатството на Свитоците од Мртвото Море

Вредност на богатството: 1,2 милијарди долари.

Свитоците од Мртвото Море се најдени во дванаесет пештери во местото познато како Кумран блиску до Мртвото Море на западниот брег од реката Јордан меѓу 1946 и 1956 од страна на бедуински овчари и група археолози. Но, од особен интерес бил свиток напишан на тенка бакарна плоча. Имало описи од 64 места во близина на Израел, каде што бил скриен накит вреден 1,2 милијарди долари.

Имало само еден проблем: никој не ги разбирал инструкциите, бидејќи тие биле напишани на древен хебрејски јазик, а исто така содржеле зборови од говорниот јазик на времето. Покрај тоа, во текстовите се споменувале имињата на античките населби, што исто така го комплицирало декодирањето.

Килибарната соба

Вредност на богатството: 200 милиони долари.

Килибарната соба претставувала еден од најголемите споменици на историјата на Русија. Таа претставувала просторија обложена во стотици килограми килибар, со скапоцени камења насекаде, изградена за рускиот цар Петар Велики. Можеби звучи чудно да исчезне цела соба, но за Нацистите ова не било проблем. Во 1941 година тие го ограбиле дворецот, заедно со целата содржина на килибарната соба. Оттогаш никој не знае каде завршила оваа соба и дали уште постои.

Брегот на богатството

Вредност на богатството: 2 милијарди долари.

Во Флорида, постои плажа која го носи неофицијално име „Брегот на богатството“, бидејќи од време на време на плажата се појавуваат златници и разен накит. Таквиот феномен има интересна историја.

Шпанскиот брод потонал за време на ураган во 1715. Бродот потонал, а товарот и богатството биле расфрлени по морското дно. До сега се пронајдени повеќе од 350 златни монети и девет ројали.

Златото на нацистите

Вредност на богатството: од 1-2 милијарди долари.

Во последните месеци од војната, кога Германија била на работ на поразот, нацистите одлучиле да ги скријат вредностите стекнати за време на војната. Постојат 2 популарни легенди за тоа каде и како богатството исчезнало.

Првата легенда раскажува за оклопен воз со должина од 150 метри, кој носел разни вредности, од злато и сребро до слики и ремек-дела од уметноста. Постоењето на возот и неговиот товар е потврдено со фотографии, документи и приказни на германски офицери. Се верува дека возот може да биде во една од стотиците тунели кои се дел од подземните патишта кои биле изградени за време на војната.

Втората легенда вели дека нацистите во австриското езеро Топлица потопиле неколку контејнери од уште непознати причини. Неколку од овие контејнери се извадени и во нив се пронајдени банкноти од земјите сојузници со огромна вредност. За жал, на местото каде што, наводно, постојат голем број на контејнери се наоѓаат десетици трупци кои го попречуваат пристапот до локалитетот и драстично ја зголемуваат можноста од давење или сериозна повреда. Многумина веруваат дека контејнерите содржат непроценливо богатство во форма на злато, дијаманти и уметнички дела.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено