Добрите приказни заслужуваат малку разубавување. Иако ова е добар совет за писателите кои пишуваат фиктивни настани, во историјата не треба да се простуваат вакви работи. Неточни толкувања на настани и бројни претпоставки се претворени во факти кои се сместени во голем дел од учебниците по Историја.

Шекспир не напишал ниту едно дело. Авторот е друга личност.

Шекспир е роден и израснат на фарма за овци и поради тоа многу научници сметаат дека тој не би можел да стекне доволно знаење за да напише таков опис на политиката, дворските интриги и културите на другите земји. Покрај тоа, не постои уникатен потпис на писателот. На поголемиот дел од неговите дела има различен потпис, па дури и презимето му е различно напишано, освен Шекспир, потпишан е и Шакспир.

Марија Антоанета не им кажала на селаните да јадат торта.

Многу веруваат дека француската кралица Марија Антоанета им кажала на сиромашните селани „ Ако немаат леб, нека јадат торта“. Жан-Жак Русо прв ја напишал оваа фраза која што наводно била кажана од страна на некој монарх. Но тоа не можела да биде Марија затоа што таа во тој период имала 9 години и уште живеела во Австрија.

Пирамидите не биле изградени од робови.

Херодот прв пишувал за робовите кои ги граделе пирамидите. Во почетокот на 1990-тите години, археолозите пронашле гробови на луѓе кои биле вклучени во изградбата на пирамидите и тие биле погребани со сите почести. Понатамошното истражување покажало дека овие луѓе биле добро хранети и работеле во смени, со што се доаѓа до заклучок дека не се работи за робови туку за платени работници.

Појасот на невиноста е лага.

Приказните велат дека мажите кои што оделе во војни, им ставале на своите сопруги метален појас и го земале клучот со нив, за да не ги изневеруваат додека тие војуваат. Но ниту една жена не би можела да преживее повеќе од неколку дена со ваква направа, сите би умреле од сепса.

Сфингата од Гиза го изгубила носот долго време пред Наполеон да пристигне во Египет.

Постои верување дека додека Наполеон бил во Египет, неговите војници вежбале пукање и ја користеле Сфингата како мета и така таа наводно останала без нос. Според истражувањата и одредени пишани дела од светски патници Сфингата го изгубила носот неколку децении пред доаѓањето на Наполеон.

Библиотеката во Александрија била уништена долго време пред пожарот.

Илјадници свитоци и непроценливо знаење – сите наводно изгорени за време на нападот Јулие Цезар на Александрија во Египет. Цезар всушност немал што да уништи, долго време пред неговото доаѓање библиотеката била оштетена од друг непријател и религиозни фанатици. Главниот причинител за уништување на библиотеката била државата. Државата ги укинала сите средства наменети за библиотеката, ги укинала сите стипендии за учениците и им забранила пристап до зградата на научниците.

Тројанскиот коњ не постоел.

За жал освен Хомеровата Илијада и Енеида од Вергилиј, нема други извори можат да ни кажат за Тројанската војна. Некои истражувачи сметаат дека не постоел коњ само голем дрвен овен кој што личел на коњ, или пак се работи за оружје за опасада, кое што често било именувано по некое животно. Некој тврди дека Тројанскиот коњ е всушност земјотрес кој ја срушил Троја, но како и да е приказната за тројанскиот коњ останува само приказна.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено